Телема, Философија

За Редот на Нештата


Αλ
DE ORDINE RERUM

Во Телото секоја ќелија е подредена на општата физиолошка Контрола, и ние кои ја сакаме таа контрола не прашуваме дали е секоја индивидуална Единица од Структурата свесно среќна.
Но ние се грижиме секоја ќелија да ја исполнува својата Функција, и Откажувањето на неколку Ќелии, или нивен Бунт, може да предизвика Смрт на целиот Организам. Дури и Жалбата на малкуте, кое ние го нарекуваме Болка, е Предупредување за општа Опасност.
Многу Ќелии ја извршуваат својата Судбина со брза Смрт, и бидејќи ова е нивната Функција, тие не ја мразат. Кога Хемоглобинот би ги одбил Нападите од Кислородот, Телото ќе пропадне, и Хемоглобинот со тоа не би се спасил самиот себе.

Затоа длабоко размисли, о мој Сине, за овие Работи во своето Уредување на Светот под  Законот на Телема. Секоја Индивидуа во Државата мора да биде совршена во извршувањето на својата Функција, со Задоволстсво, почитувајќи ја својата Работа како неопходна и света, која не е во непријатлески однос со задачите на другите.
Само така можеш да изградиш Слободна Држава, чија насочена волја треба да биде единствено насочена кон Благосостојба на сите.

Извадок од  „Книга на Мудроста или Лудоста“ од  А.Кроули

1 thoughts on “За Редот на Нештата”

Коментарите се затворени.