Кабала, Телема, Философија

За Кралството


Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Целта е да се влезе во Малкут.

МАЛКУТ =496

Малкут е Сефира која е Корен на целото Дрво. Се наоѓа во Средниот столб кој се користи при одредени вежби (се мисли на средниот столб). Преводот од хебрејски е Кралство. Буквите што го градат Малкут се Мем, Ламед, Каф, Вав и Тау. Тој е поврзан со три сефироти и тоа: преку Тау со Јесод(Темел),[Месечина] преку Коф со Нецах(Победа)[Венера] и преку Шин со Ход(Сјај)[Меркур].

Малкут е материјалниот превез кој ги крие другите Сефироти [Tebel Vilon Shamaim=924](Превезот на Небесата). Споед некои, за се што е над Малкут, физичкото, ништо не постои. Колку се во право.

Малкут е Скелет, Чиста Физика. Малкут е Сферата на Четирите Елементи кои играат голема улога во кабалата [хеб. Cholem Yesodot]. Четирите елементи се провлекуваат низ целото Дрво на Животот, но тука , во Малкут, се во онаа целосна форма измешани каде преминуваат од еден во друг вид, носејќи го Сеќавањето од погорните Сефироти., а овде за прв пат измешани со елементот Земја. Но сепак елемент кој одговара на Малкут е Земја(поврзан со патеката Тау-Сатурн). Затоа времето постои само во Малкут.

Малкут се наоѓа во последниот божествен свет, наречен Ашиах [хеб. HIShO=385](Материјален Свет). Ашиах на кратко ќе кажеме дека е местото каде што се РАБОТИ. Заради Ашиах постојат другите Светови. Ашиах е нашиот Олтар на кој ќе ги палиме нашите мириси од дрва и гума за Неа. Овде се петте сетила кои секојдневно не’ бомбардираат со информации и каде ние стануваме свесни за постоењето на трите други елементи, кои над Малкут мораме да ги објаснуваме со поими кои што ни се блиски до нашата анимална душа.

Од системот на чакри на Малкут му одговара Муладара-чакра која се наоѓа, знаете каде. Каде што е скриена потенцијалната сила или моќ која треба да се разбуди, каде што Змијата е свиткана три и пол пати и чека за скок.

Симболи кои најдобро ќе ни го покажат патот кон Малкут се Олтарот( на кој ќе гори Origanum dictamnus или на Критски дијалект Έρωντας (Љубов) и Крст поставен на три скалила познат уште како и Calvary Cross..Calvary(на латински) или Голгота(Арамејски) е место надвор од Ерусалим. Трите скалила симболизираат (од горе па надолу) Вера која се потпира на Надеж, која пак се потпира на Љубов. Одговара и Сфингата бидејќи таа ги содржи, поточно е Загатка на моќите на Четирите Елементи.

Во одредени ритуали во сферата на Малкут е Олтарот над кој стои Ламба која е симбол на Кетер, бидејќи Кетер е во Малкут како што Малкут е во Кетер. Или како што е горе така е и доле, како што е надвор така е и внатре.

Малкут одговара на последната буква од Tetragramaton-от, Невестата Heh, која е дел од формулата на бесконечниот круг. Таа ќе го заземе местото на првото Heh, Кралицата Мајка, или Бинах.

Малкут ја преставува и анималната душа.Сите оние животиснки инстинкти кои се наоѓаат во душата на Човекот се овде и кои сакаме да ги извежбаме за да можат да ја добиваат вистинската Светлина неизмешана при поминувањето низ сите Сефироти.

Сега малку пофино за Малкут.

Кабалата е Пракса.Тоа е јасно. Сите овие дефиниции да ги кажеме за Малкут се само симболи и идеи кои треба да ве доведат да влезете во сферата на Малкут.

Ни одблиску не можеме да кажеме се за Малкут. Да објаснуваме за Тетраграматон ќе требаат 1000 страници плус. Вашиот Свет не е нечиј друг свет, секако. Ова е само искра. Што ќе запали, ќе видиме.

Но сега ќе проговориме за Зборовите и Силите кои се наоѓаат во Малкут. Секако во сите Светови.

Според одредена теорија, постојат Зборови и Знаци кои можат и цела планина да ја срушат ако имаме доволно Вера.

Такви зборови се Божестевни Имиња, Имиња на Арханѓели, на Анѓели , на Редови на Анѓели, да не заборавиме и на Демони, бидејќи колку што сакаме да одиме нагоре толку се повеќе одиме надолу или навнатре. Формулата на V.I.T.R.I.O.L. е таа. Егото е завеса која тешко се порамнува за да пропушти повеќе светлина преку прозорецот (He).

Ќе почнеме со Божественото Име на Малкут во Ацилут гласи Адонаи Малек [KLM INDA] чија бројна вредност(ако се земе К како 20) е 156. А овој број е Свет број и кој што може да ја открие Arcanum Arcanorum.

Арханѓелот на Малкут во Светот на Бриах (Креативниот Свет) е Сандалфон (NVPhLDNS=280=10, a Малкут е 10 Сефира) или Метатрон(NVRTTM=314, што е добра основа за Квадратура на Кругот).

Хорот на Анѓели на сефирата Малкут во Јециратскиот свет е Ашим(MIShA=351) во превод Пламени.

За Симболите, односно знаците, нема да кажам како се пишуваат и зошто. Бидејќи сепак сме Sub Rosa. Барем ние сме.

Исто така постојат и одредени Бои кои одговараат на различни Клучеви во различни Светови и кои играат огромна улога во разбирањето на својствата на Малкут.

Во Малкут е и Лилит(ThILIL=480), ако се гледа Дрвото на Животот свртено наопаку, првата жена на Адам Кадмон, која тргнала по својот пат, и ја нарекоа Демон, а Ева е таа која прва се иницираше, прва која посегна да јаде од Дрвото, и е прогласена за добра. Ама кои сме ние да спориме за нешто. Премногу патријахатот бил на власт во тие времиња кога се одлучувало кој е во право а кој не.

За психолошките вредности на Малкут нема да зборуваме сега. Тоа ќе биде можеби во иднина додадено и дополнено за да одговара на сегашниот напис.

Малку гематриа за крај

1. Зборови кои се еднакви на 496:

Левијатан;
Збирот на сите цифри до 31(ако се стави и 0 се вкупно 32 броја) (31 е LA=НЕ но и AL=БОГ)можеби ова е ничеовото Бог е Мртов;

2. Зборови кои се еднакви на 924: нема сега за сега

3. Зборови кои се еднакви на 385:

ShKINH- Шекина( Женскиот аспект на Бог, Славата на Бог на Земјата)

4. Зборови кои се еднакви на 156:

AHL MVOD -Шатор на Состаноци(Табернакул)

Змија- како патеката Тет на дрвото на животот, Ату XI или Страст на која е дадена Бабалон и Големиот Ѕвер

BABALON – Печат на Белото Братсво, таа која што го јава Зверот и во кој се слева крвта на Адептите.

Цион

Чиста крв

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!