Телема, Философија

Научното решение за Проблемот на владеење


Текстот што следува подолу е печатен отприлика 1937, во Лондон како предговор на изданието на „Книгата на Законот“ од 1938-ма.
Истиот текст е поместен во „Препород на Магиката“, достапна на македонски јазик, чиј уредник е Хименеус Бета, сегашниот Надворешен Водач на О.Т.О. .
Авторот на текстот се потпишал со псевдонимот Comte de Fénix, игра на зборови од Феникс, кое што било тајното име на Кроули како водач на Редот!

Она што следува е Научното решение за Владеењето!

ТЕОРЕМА

Научното решение на проблемот на Власта е даден во АЛ (Либер Легис). Овој закон ги заменува сите досегашни и тековни емпириски теории.

ЦИТАТИ

ГЛАВА I

3. Секој маж и секоја жена е ѕвезда.

10. Нека бидат моите служители малубројни и тајни: тие ќе владеат со мнозинството и знајните.

40. Прави што ти е волја нека биде цел Закон.

41. Зборот на Гревот е Ограничување.

42. Ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.

43. Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.

44. За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултат, секој пат е совршен.

57. Љубовта е закон, љубов под волја.

ГЛАВА II

19. Зарем Бог да живее во пес? Не, но највисоките се од нас. Тие ќе се радуваат, нашите избрани: кој тагува не е од нас.

20. Убавината и моќта, полетната смеа и пријатниот копнеж, силата и огнот, се од нас.

58. Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат.

ГЛАВА III

4. Изберете остров!

5. Утврдете го!

6. Засејте го со воена машинерија!

7. Јас ќе ви дадам воена машина.

8. Со тоа ќе ги смачката народите, и никој нема да застане пред вас.

58. Но остроумни и горди, кралски и отмени; вие сте браќа!

59. Како браќа борете се!

60. Нема Закон над Прави што ти е волја.

ДЕМОНСТРАЦИЈА

 

1. Просечниот гласач е морон. Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.

Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла. Тој е жртва на паника.

Но тој го има гласот.

2. Луѓето на власт можат единствено да владеат со него втурнувајќи го во војни, играјќи си со неговите стравови и предрасуди се додека не ја прифати репресивната легислатива што е спротивна на неговиот очигледен интерес, играјќи си со неговата суета се додека не е целосно заслепен за својата мизерија и ропство.

Алтернативниот метод е неприкриен прогон. Накратко, владееме преку комбинација од лажење и насилство.

3. Овој очајнички обид да се прибегне кон архаични оружја е наследство од лицемерието. Теориите за Божественото право, аристокртска супериорност, морален поредок на Природата, сите се денес издишани балони. Дури и оние од нас кои веруваат во надприродни санкции за нашите привилегии да ги присилуваме и да ги искористуваме луѓето повеќе не не залажуваат со мислата дека нашите жртви ги делат нашите суеверија.

4. Дури и диктаторите го разбираат ова. Мусолини се обиде да го врати духот на древниот Рим за да се перчи во ликот на Јулиј Цезар; Хитлер измисли мешавина од бесмислици за Нордијците и Ариевците; никој дури не се ни преправа дека верува и во обете, освен преку “волјата -да-се-поверува”.

И овие преправања видливо се распаѓаат насекаде.

Тие неможат дури ни да бидат галванизирани со грчеви на псевдоактивност, како што се уште повремено се случува со мртвите гадови на суеверијата.

5. Постои само една надеж да се обединат луѓето под интелигентно водство; затоа што постои само едно нешто во кое сите веруваат. Поточно, веруваат на таков начин што автоматски ги базираат сите дневни активности врз неговите принципи.

(Ова е точно за практично сите луѓе, без оглед на раса, класа или верување.) Оваа универзално прифатена основа на однесување е Науката.

6. Науката ја постигнала оваа положба бидејќи таа не застапува тврдење дека не е подготвена да демонстрира на сите новодојденци. (Овој дел е толку добро разбран што сите лажни пророци – спиритуализмот, Христијанската наука, етнолошките чудаци, трговците со загатки за Големите пирамиди и останатите измамници – сите се преправаат дека се повикуваат на докази, а не авторитет, исто како кралевите и црквите)

Значи проблемот на Власта е да изнајде научна формула со етичка импликација. Оваа формула мора строго да биде применлива за сите здраворазумски луѓе без оглед на нивните поединечни индивидуални квалитети.

7. Формулата е дадена преку Законот на Телема. “Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон”.

8. Нека биде оваа формула прифатена од секоја држава. Кога ќе се појави потреба, експерти веднаш ќе бидат назначени за разработка на деталите за Вистинската Волја на секоја индивидуа, дури и на секое корпоративно тело, општествено или пазарно, додека правосудството ќе излезе со одредување на правичноста во случај на очигледно конфликтни тврдења. (Такви случаи прогресивно ќе стануваат се поретки како што се постигнува урамнотежување.).
Сите жалби за преседан и авторитет, мртвите делови од Дрвото на Животот (Симболичката претстава на универзумот е во Кабалата; нејзината “лушпа” е наречена Клифот – “школки” или “екскрети”.), ќе бидат поништени, и строго научните стандарди ќе бидат единствената мерка, според која извршната власт ќе владее со луѓето. Апсолутната власт на државата ќе биде во функција на апсолутната слобода на секоја индивидуална волја.

Comte de Fénix а.к.а. Алеистер Кроули