Кабала

Мистични значења на буквите


Мал извадок од  „Liber 777 и други кабалистички списи“
достапна на  македонски јазик

Овде не се дадени сите објаснувања и методи и од каде произлегува ова. Потребно е студирање на таротот, источни школи и работа за да се разберат овие навидум неврзани описи на буквите од еврејскиот алеф-бет.

*      *      *

aleph-beth

  • אלף (алеф). Будаловата погибел е  Урнатина.
  • בית (бет). Маѓепсникот со Тајната на Универзумот
  • גמל (гимел). Светиот Анѓел Чувар се достигнува со Само-пожртвуваност  и Рамнотежа
  • דלת (далет). Портата на Рамнотежа на Универзумот
  • הה (хе). Мајката е Ќерката; и Ќерката е Мајката
  • וו (вав). Синот е (само) Син
  • זין (заин). Одговорот на Пророчиштето е секогаш Смрт
  • חית (хет). Кочијата на Тајната на Универзумот
  • טית (тет). Таа која ја владее Тајната Сила на Универзумот
  • יוד (јуд). Тајната на Портата на Иницијацијата
  • כף (каф). Во Вртлозите е Војна
  • למד (ламед). Со Рамнотежа и Само-пожртвуваност, Капијата!
  • מימ (мем). Тајната е скриена помеѓу Водите кои се горе и Водите кои се долу
  • נון (нун). Иницијацијата е чувана од двете страни со смрт
  • סמך (самек). Само-контрола и Само-пожртвуваност владее со Тркалото
  • עין (ајин). Тајната на Раѓањето е Смрт
  • פה (пе). Тврдината на Највозвишениот
  • צדי (цади). Во Ѕвездата е Портата кон Светилиштето
  • קןף (коф). Илузорна е Иницијацијата во Безредието
  • ריש (реш). Во Сонцето (Озирис) е Тајната на Духот
  • שין (шин). Воскреснувањето е скриено во Смрт
  • תו (тав). Универзумот е Хексаграм

(Другите значења одговараат на други нивоа и други степени.)

*      *      *

Навистина и нема крај на оваа чудесна наука; а кога скептикот со потсмев вели: „Со овие методи еден човек може да биде способен да направи се од ништо“, Кабалистот му возвраќа со возвишена насмевка: „Со овие методи Тој, Едниот и создаде се од ништо“.

1. Книга 777 – Основни атрибуции

1 thoughts on “Мистични значења на буквите”

Коментарите се затворени.