Телема

Системот на О.Т.О.


Извадок од „Магика без Солзи“ – Поглавје XIII

Cara Soror,

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

 Ме известуваш дека Ревносен Истражувач од твојата околина те замолил да му ја објасниш разликата помеѓу А.`.А.`. и O.T.O. ; и дека иако твојот ум е совршено бистар околу тоа, сметаш дека е невозможно да се индуцира слична луцидност во неговиот ум. Додаваш дека тој не е идиот (како што би можело отпрвин да се претпостави). И дали јас можам да сторам нешто околу тоа?

Па, овде е есенцијалната разлика ab ovo usque  ad mala: А.`.А.`. се однесува на поединецот, неговиот развој,неговата иницијација, неговото чекорење од “Студент” до“Ипсисимус”; тој нема никаков контакт со ниедна личност,освен со Неофитот, кој го воведува, а кога ќе стане самиотНеофит, со Студентот или Студентите, кои тој ќе ги воведува.

Деталите на овој “Аџиски Прогрес” се потполно изнесени во Една ѕвезда на видикот; треба да сум навистина глупав и дрзок, па да се обидам подобро да објаснам од тој документ. Меѓутоа, што се однесува до O.T.O. , вистина е дека не постои сличен прирачник со инструкции. Во Манифестот и во другите Службени Објави постојат нешта, што би требало да се адекватни податоци; но потполно сфаќам дека не се средени, класифицирани, како што би сакале; сигурно е дека сe уште постои простор за едноставен основен приказ на потеклото на Редот, неговите принципи, методи, форми, Доблеста на последователните Степени. Тоа ќе се обидам да го изнесам барем во основни црти.

Да почнеме од почеток. Што е Драмски Ритуал? Тоа е свеченост за Доживувањата на Богот, којшто планираме да го повикаме. (Совршен пример на ова е Бакхе од Еврипид). Значи, во О.Т.О. целта на церемониите е Иницијацијата на Кандидатот, па според тоа, Кандидатот е тој, чиј Пат во Вечноста е прикажан во драмска форма.

Каков е Патот?

  1. Егото е привлечено кон Соларниот Систем.
  2. Детето искусува Раѓање.
  3. Човекот искусува Живот.
  4. Тој искусува Смрт.
  5. Тој го искусува Светот над Смртта.
  6. Целиот овој циклус од Сингуларни Настани е вовлечен во Анихилација.

Во О.Т.О. овие последователни фази се прикажани, како што следува:

  1. 00 (Минервал).
  2. I0 (Иницијација).
  3. II0 (Посветување).
  4. III0 (Преданост).
  5. IV0 (Перфекција или Егзалтација).
  6. P.I. (Потполн Иницијант).

Од овие Настани или Станици на Патот сите, освен три (II0) се единствено критично искуство. Меѓутоа, ние главно се занимаваме со многуте разновидни искуства на Животот.

Според тоа, сите следни Степени на О.Т.О. се разработување на II0, зашто е невозможно во една церемонија да се скицира, дури и во најзбиена форма, Учењето на Иницијантите во однос на Животот. Поради тоа Ритуалите V0 – IX0 се упатства за однесување на Кандидатот; Мајстор на Животот.

Неумесно е да се открие природата на овие церемонии; прво, затоа што нивните Иницијанти се обврзани со најстроги заклетви да не го направат тоа; второ, затоа што изненадувањето е еден од елементите во нивната ефикасност; и трето, затоа што Магиските Формули, кои се експлицитно или имплицитно содржани во церемониите, од практична гледна точка, се моќни и опасни. Точно е, тие се автоматска заштита; но првокласен Црн Магичар може да најде начин за да ги совлада овие пречки и да направи големи штети на другите, пред да го уништи повратниот удар од неговата артилерија.