Мал извадок од „Препород на магиката“ од А. Кроули, достапна на македонски јазик
„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Нема Закон над Прави што ти е волја.
…ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Љубовта е закон, љубов под волја.
Секој маж и секоја жена е Ѕвезда.“ – извадоци од „Книгата на Законот“
- Должности спрема самиот себе си
- Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
- Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
- Развиј ја во соодветна хармонија и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
- Контемплирај за својата сопствена Природа.
- Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
- Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
- Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
- Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
- Радувај се!
- Твојте должности спрема другите поедини мажи и жени
- „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
„Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12 - „Како браќа борете се!“ – III:59
„Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59 - Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
„Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24 - Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
- Обожувај се’!
„Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3
- „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
- Твои должности спрема човештвото
- Воспостави го Законот на Телема како единствен темел во однесувањето.
- Твои должности спрема сите други битија и работи
- Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.
Прекршокот на Законот на Телема е злоупотреба на природните квалитети на кое било животно или предмет и одвојување од неговата соодветна функција, која е одредена од увидот во неговата историја и структура.
- Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.