Магика, Телема, Философија

Телема – За должноста


Мал извадок од „Препород на магиката“ од А. Кроули, достапна на македонски јазик

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Нема Закон над Прави што ти е волја.
…ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Љубовта е закон, љубов под волја.
Секој маж и секоја жена е Ѕвезда.“ – извадоци од „Книгата на Законот“

 

  1. Должности спрема самиот себе си
    • Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
    • Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
    • Развиј ја во соодветна хармонија  и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
    • Контемплирај за својата сопствена Природа.
    • Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
    • Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
    • Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
    • Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
    • Радувај се!

     

  2. Твојте должности спрема другите поедини мажи и жени
    • „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
      „Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12
    • „Како браќа борете се!“ – III:59
      „Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59
    • Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
      „Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24
    • Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
    • Обожувај се’!
      „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3

     

  3. Твои должности спрема човештвото
    • Воспостави го Законот на Телема како единствен темел во однесувањето.

     

  4. Твои должности спрема сите други битија и работи
    • Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.
      Прекршокот на Законот на Телема е злоупотреба на природните квалитети на кое било животно или предмет и одвојување од неговата соодветна функција, која е одредена од увидот во неговата историја и структура.