Телема

Иницијација – Liber Tzaddi


Сосема мал извадок од Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus.

*       *       *

Ви откривам голема мистерија.
Вие стоите помеѓу бездна од висина и бездна од длабочина.
Во која било од нив Ве очекува Сопатник; и тој Сопатник сте вие самите.
Не можете да имате друг Сопатник.

Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести.
Тие кажале
[Спуштете се долу во темниот величествен свет
и бидете венчани со она Слепо Суштество на Слузта.]

Јас кој сум од онаа страна на Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам:
остварете ги и обете венчавки! Соединете се себе си со двете!
Внимавајте, внимавајте ви велам, ако го барате едното и го загубите другото!

Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена.
————————————————————–

  • Цади ( צ ) значи јадица и е осумнаесетата буква од еврејскиот алеф-бет, врзана со тарот картата Цар (АТУ IV) која ги врзува Нецах (Победа) со Јесод(Темел) на Дрвото на Животот (со промените на буквите дадени во „Книгата на Законот“: „Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.“ )

1 thoughts on “Иницијација – Liber Tzaddi”

Коментарите се затворени.