Телема, Философија

О.Т.О. – Иницијација, Закон и Ограничувањето


93 Пријатели

Од многу разговори со млади, па и постари луѓе заинтересирани за нашите пракси во Редот, нашите мистерии и Иницијација, дојдов до сознание дека се шири некаква стара заразна болест која вели дека О.Т.О. би го ограничил во своето дејствување иницијантот! Сите тие закони, забрани, и не знам веќе што, ќе ги ослабнел и ќе ги направел вистински робови.

Би им зборувал многу за ова „ограничување“ и каде грешат(без искуство во нашите мистерии сите вакви изјави и труења на умот се на нивна штета), но заради младоста не би им замерил за површинското разбирање на иницијацијата, што значи Телема, што значи нашата пракса и што со нејзе… Искуството и истрајноста (зарем истрајноста не е ограничување мили мои?) ќе покажат што значи Телемата и што значи да си иницијант.

Иницијација во Мистериите

Јас само ќе ги охрабрам да ги проучуваат нашите пракси, да ги забележуваат резултатите и кога ќе бидат полнолетни, ако имаат волја и храброст и знаат да стојат цврсто до својот даден збор (зарем ова не е ограничување на нивната волја да зборуваат сешто на било кој, било каде?) нека повелат и побараат иницијација и нормално, двајца добро-стоечки Телемити кои ќе гарантираат за нив (зарем ова не е ограничување? Дали го разбирате?)!

Би ги упатил да проучуваат јога (јога значи единство, не е тоа ограничување? Зарем не е поставеноста на умот секогаш ограничување? Зарем Руах не е ограничување ако не се користи во склад со Законот и Системот?) и интелектуално да ги разберат различните гранки, далеку од било кој мистицизам и бладања и да разберат дека Законот е за Сите! Без разлика дали го почитуваа или не, дали го мразат или љубат, секој добива резултат во согласност со Законот. Изберете мудро како ќе се поставите спрема Законот и Редот.
Во „Еквинокс на Боговите“ стои:

Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.

Прави што ти е волја тоа нека биде целиот Закон! Одбиј го ова и падни под клетвата на судбината. Подели ја волјата против самата себе, резултатот е слабост и борба, залудна борба. Законот не го осудува Човекот. Прифати го законот и се е законски.

Исто така во нашите документи стои и ова:

Секој Телемит не ги применува сите достапни пракси, туку може да си ги одбере оние пракси кои најповеќе му одговараат на неговите потреби. Некои од тие пракси се исти или слични со праксите користени од многуте поранешни и сегашни религии; како молитва, медитација, проучување на религиски текстови (од Телемата како и од другите религии), пеење, симболични иницијациски ритуали, побожни вежби, самодисциплина итн.
Некои од нашите пракси се традиционално поврзани со она што е познато како окултизам; астрологија, дивинација, нумерологија, јога, тантричка алхемија, контакти со ангели или духови. Сите нив Телемитите ги сметаат како потенцијално ефикасни методи за духовен увид во природата на сопственото битие и своето место во Универзумот; и за доаѓање до тој увид преку хармонична еволутивна работа. ( Теологија на Телемата )

Ако Законот ве ограничува, или го мразите (дали од страв, дали од недоволно проучување), зарем не сте размислиле дека можеби не ја извршувате Вашата чиста волја во склад со Вашиот универзум кој нормално има бесконечно нишки со другите и е дел од телото на Нуит (младите луѓе на Земјата имаат време да работат на случајот а не да ја вртат главата на другата страна)?

Би зборувал подлабоко за смислата, целта и дејствувањето на Иницијацијата, за Редот, но ова е доволно, за овде.Ова е само гребнатинка во однос на ова прашање кое што постои меѓу младите. Се надевам во иднина ќе излеземе во пресрет на многумина и ќе им ги разбиеме црните облаци заради кои Телемата и Иницијацијата во О.Т.О. им изгледа како ограничување или препрека кон нивната вистинска Волја (Телема).

И на крај, ако мислите дека Законот на Телема и праксите на Редот ќе ве ограничуваат, пробајте ги праксите(ритуалите секако половина ќе бидат познати половина не, тоа е кажано во Законот), барајте ја и извршувајте ја Вашата Волја, видете го системот однадвор во акција, и ако и тогаш решите дека не е за вас Иницијација, напуштете и одете по својот пат далеку од Законот и далеку од Нас.

Сепак, нека се знае ова: Законот не е овде да Ве Осуди и Ограничи, ами да ве подржи и даде сила по вашите луди патишта на Искуство низ лавиринтите на Бесконечните пространства на Нуит!

93 93/93

П.С. Многу не е кажано, а и можеби не треба да биде кажано. Работете и видете од што сте направени! Проучувајте го Законот, бидејќи има љубов и љубов, има голуб но има и змија!


  • Постојат суштински 2 а практично само 1 ограничување: членовите на Редот ги почитуваат законите на државата во која живеат, криминално досие ја отежнува и оневозможува потрагата по спонзори. Дијагностицирана душевна болест на аспирантот би требало да биде исто така предупредување за потенцијалните спонзори.

 

1 thoughts on “О.Т.О. – Иницијација, Закон и Ограничувањето”

Коментарите се затворени.