Знакот на Ѕверот – Liber V vel Reguli


Извадок од „Магика, Книга 4“, А. Кроули
во која може да најдете поопширен коментар за овој ритуал.

[Насловот е од Латински и значи Книга 5 или Книга на Принцот. Регулус е истот така и името на ѕвездата што го означува почетокот на соѕвездието Лав]

asd

A∴A∴ Публикација во Класа D
Кој што е Ритуалот на Знакот на Ѕверот

Правилна инкантација за инвоцирање на енергиите на Еонот на Хорус,
адаптиран за дневна употреба на Магичарот од било кој степен.

Првиот Знак

Заклетвата на Маѓепсувањето
кој што се нарекува Единаесеткратниот Печат

thVT7MTRYK

Духовно обраќање кон Еонот.

1.Нека Магичарот, облечен и наоружан како што мисли дека треба, се сврти кон Болескин, која е Куќата на Ѕверот 666.

[Болескин во однос на Македонија се наоѓа на северо-запад. Куќата се наоѓа на брегот на Лох Нес]

2. Нека го удри ѕвоното 1 – 3 – 3 – 3 – 1.

3.Нека го стави Палецот од неговата десна рака помеѓу неговиот показалец и среден прст, и нека ги направи знаците кои следуваат подолу.

Вертикална компонента на Маѓепсувањето

1. Нека опише круг околу неговата глава, извикувајќи НУИТ!

2. Нека го повлече Палецот вертикално надолу допирајќи ја mūlādhāra чакрата, извикувајќи ХАДИТ!

3. Нека тој, враќајќи се по истата линија, го допре центарот на неговите гради, и каже РА-ХООР-КУИТ!

Хоризонтална компонента на Маѓепсувањето

1. Нека тој ги допре Центарот на неговото Чело, неговата уста, и неговото грло кажувајќи עיוז
chakras
2. Нека го повлече неговиот Палец од десно кон лево преку лицето на висина на носните шуплини.

3. Нека го допре Центарот на неговите Гради, и неговиот Соларен Сплет, извикувајќи θηρίον!

4. Нека го повлече неговиот Палец од лево на десно преку неговите гради на висината на градната коска.

5. Нека ја допре svādisthāna и mūlādhāra чакрата, извикувајќи באבאלען

6. Нека го повлече неговиот Палец од десно кон лево преку неговиот стомак, на висина на неговите колкови.

(Вака тој ќе го формулира Знакот на Големиот Хиерофант, но зависен од Кругот.)

Свеченото изјавуавње на Зборовите (Spells)

1. Нека Магичарот ги затвори своите раце околу негивот Стап, неговите прсти и палци испреплетени, извикувајќи לאשטאל! ΘΕΛΗΜΑ! ויאעו! ΑΓΑΠΗ! ΑΥΜΓΝ!

(Вака ќе бидат прогласени Зборовите на Силата каде што Енергиите на Еонот на Хорус ја извршуваат неговата Волја во светот.)

Прогласувањето на Постигнувањето

1. Нека Магичарот го удри Ѕвоното: 3 – 5 – 3 извикувајќи אבּראהאדאבּרא.

Вториот Знак Маѓепсувањето (The Enchantment.).

1. Нека Магичарот, сеуште свртен кон Болескин, започне да го обиколува неговиот Круг.

2. Нека се сврте на лево, и ја заобиколи со брзината и леснината на тигар површината на неговиот круг, додека не направи едно свртување околу кругот.

3. Нека го даде знакот на Хорус (или Оној што Влегува) како што поминува, така да ја проектира Силата која зрачи од Болескин пред него.

4. Нека го оди неговиот Пат се додека не дојде на Север; таму нека застане, и нека го сврти лицето кон Север.

5. Нека го испише со неговиот Стап, Свртениот наопаку Пентаграм соодветен за призив на Воздух (♒)air_inv6. Нека го постави Стапот во Центарот на Пентаграмот и ја повика НУИТ!

7. Нека го направи знакот на Puella, стоејќи со неговите стапала споени, главата наведбата, неговата лева рака ја брани mūlādhāra чакрата, и неговата десна рака бранејќи ги градите (став на Venus de Medici).

8. Нека се сврти повторно кон Лево, и го продолжи неговот Пат како порано, проектирајќи ја Силата од Болескин кога ќе помине одтаму; нека застане кога ќе дојде на Југ, и се сврти нанадвор.

9. Нека го исцрта Свртениот наопаку Пентаграм кој што го призива Огнот ( ♌)fire_inv10. Нека го насочи својот Стап кон Центарот на Пентаграмот и викне ХАДИТ!

11. Нека го даде знакот Puer, стоејќи со стапалата споени и главата исправена. Нека неговата десна рака (палецот исправен под прав агол со прстите) биде подигната, подлактицата вертикална под прав агол со надлактицата, која е хоризонтално поставена во линија на рамењата. Нека неговата лева рака, палецот исправен нанапред, а прстите свиткани, стои на местото каде што се соединуваат бутовите (ставови на боговите Менту, Кхем, итн.).

12. Нека продолжи како претходно; потоа на Истокот, нека го направи Свртениот наопаку Пентаграм кој што ја призива Земјата (♉)earth_inv13. Нека го насочи неговиот Стап кон Центарот на Пентаграмот и викне θηρίον!

14. Некако го даде знакот нарекуван Vir, нозете споени заедно. Рацете, со стиснати прсти и палците свртени нанадвор, се држат на слепоочниците; главата потоа се наведунува и турка напред, како да симболизира движење на главата на рогат ѕвер (став на Пан, Бахус, итн..)

15. Продолжувајќи како порано, нека го направи на Запад Свртениот наопаку Пентаграм со кој се призива Вода. wather_inv16. Насочувајќи го Стапот кон Центарот на Пентаграмот, нека ја повика באבאלען

17. Нека го даде знакот Mulier. Нозете се широко раздвоени, и рацете се кренати нагоре како да сугерираат месечев срп. Главата е зафрлена наназад (став на Бафомет, Isis in Welcome, Микрокосмосот на Витрувиус)

18. Нека започне танц, исрцтувајќи центрипетална спирала спротивно од движењето на сонцето, збогатувајќи ја со вртења околу сопствената оска поминувајќи покрај секоја Четвртина, се додека не дојде во Центарот на Кругот. Нека застане, свртувајќи се кон Болескин.

19. Нека го крене Стапот, нека го исцрта Знакот на Ѕверот, и викне עיוז Mark_beast20.Нека го исцрта Призивниот Хексаграм на Ѕверот.Hexagram_beast_inv21. Нека го спушти Стапот, удирајќи ја Земјата со него.

22. Нека го даде знакот на Mater Triumphans.

( Стапалата се споени; левата рака е подвиткана како да држи дете; показалецот и палецот на десната рака ја стискаат брадавицата на левата града, како да ја нуди на тоа дете).

Нека го изговори зборот ΘΕΛΗΜΑ!

23. Изведи го Спиралниот Танц, движејќи се во насока на сонцето и вртејќи се спротивно од движењето на сонцето. Секој пат поминувајќи го Западот исправи го Стапот кон Четвртината во прашање и кажи:

a. Пред мене силите на לא ! (кон Запад.)

b. Зад мене силите на אל! (кон Исток.)

c. На мојата десна рака силите на לא ! (кон Север.)

d. На мојата лева рака силите на אל! (кон Југ.)

e. Над мене силите на שט ! (потскокнувајќи во воздухот.)

f. Под мене силите на שט ! (удирајќи ја земјата)

g. Во мене се Силите! (во ставот на Птах, нозете споени, рацете испреплетени врз вертикално поставениот Стап)

h. Околу мене пламти Лицето на мојот Татко, Ѕвездата на Силата и Огнот!

i. А во Столбот стои неговиот шест-крак Сјај!

(Овој танц може да биде испуштен, и целиот текст биде кажан во ставот на Птах..)

Крајниот Знак

Ова е идентично со Првиот Знак

Забелешка

Овој ритуал е бесцелно да се објаснува тука целосно. Знаците, симболите , движењата – се поврзани со премногу различни системи за да може во еден краток есеј да се даде целосно и задоволително објаснување на истиот. Со истражување и практикување – може многу да постигне самиот Магичар.

Од друга страна пак, ова е документ од Класа D, што преставува официјален ритуал на A.’.A.’. – така да, дури и со самото дрзнување за запишување, од моја страна, на зборовите на соодветните јазици треба да Ви даде до знаење за длабочината на симболизмот и потребното разбирање кое мора да го стекнете за да има ефект овој ритуал.

Advertisements