Кабала, Телема, Философија

Liber 777 – За сефиротите


Извадок од книгата
„Liber 777 и други кабалистички списи“
достапна на македонски јазик

Оваа книга се смета дека е неопходна алатка за секој сериозен истражувач на различните филозофско-езотерични системи со цел нивно конечно помирување во своите спротиставености.

*      *      *

Името на првата Сефира е כתר, Кетер, Круна. Божјото име кое му е припишано е името на Отецот дадено во Исход iii.4: אהיה, Ехеиех, Јас сум. Тоа го симболизира постоењето.

Првата Сефира ги содржи останатите девет и ги произведува по следниовредослед: Број 2 или Дијада.

Името на втората Сефира е חכמה, Хокма, Мудрост, машка активна потенција која е одразена од Кетер, како што спомнав претходно. Оваа Сефира е активен и очигледен Татко со кој е соединета Мајката, која е бројот 3. Оваавтора Сефира е претставена со Божјите имиња, יה, Јaх и יהוה; и ангелските трупи кои се нарекуваат אופנימ, Ауфаним, Тркала (Езекија I.). Исто така е наречен אב, Аб, Татко.

Третата Сефира, или Тријада е женска пасивна потенција наречена בינה, Бина, Разбирање, која е еднаква на Хокмах. Зашто Хокмах, бројот 2 наликува на две прави линии, кои никогаш не можат да го опколат просторот и затоа е немоќен сѐ додека бројот 3 не образува триаголник. Така, оваа Сефира го комплетира и го манифестира небеското Тројство. Исто така, таа се нарекува אמא, Ама, Мајка и אימא, Аима, голема плодна Мајка која е вечно соединета со אב, Таткото заради одржување на универзумот. Затоа таа е највидливиот облик преку кој можеме да го спознаеме Таткото и е достојна за најголема почит.
Таа е небеската Мајка, еднаква на Хокмах и е величествена женска форма на Господ, Елохим, по чиј лик мажот и жената, според учењето на Кабалата, беа создадени како еднакви пред Бога. Жената е еднаква на мажот и сигурно не му е подредена, како што се обидуваа постојано таканаречените христијани да ја направат. Аима е жената опишана во Апокалипсата (глава xii).
Третата Сефира понекогаш се нарекува Големо Море, нејзе ѝ се припишани Божјите имиња אלהימ, Елохим и יהוה אלהימ; и ангелскиот ред אראלימ, Аралим, Тронови. Таа е небеска Мајка, која се разликува од Малкут, нижата Мајка, Невеста и Кралица.

Број 4. Соединувањето на втората и третата Сефира го создава חסד Хесед, Милост или Љубов, кој исто се нарекува и גדולה, Гедулах, Величина или Величественост; машка потенција која е претставена со Божјото име אל, Ел, Моќен и ангелското име חשמלימ, Хашмалим, Блескави Пламења (Езекија iv.4).

Број 5. Од него еманира женската пасивна потенција גבורה, Гебура, Снага или Храброст; или דינ, Дин, Правда; претставена е со Божјите Имиња, אלהימ גבור, Елохим Гибор и אלה, Елохим и ангелското име שרפימ Серафим (Исаија vi.6). Оваа Сефира уште се нарекува и פחד, Пахад, Страв.

Број 6. Од овие две произлегува соединувачката Сефира, תפארת, Тифарет, Убавина или Благост, која е претставена со Божјото Име אלוה ודעת, Елоах Ве-Даат и ангелските имиња, Шинаним, שנאנימ (Псалми lxviii.18), или מלכימ, Мелакхим, Кралеви. Така со соединување на правдата и милоста добиваме убавина или благост и според тоа се комплетира второто тројство на Сефиротите. За оваа Сефира или „Патека” или „Нумерација” – зашто со овие последни имиња понекогаш се нарекуваат еманациите – заедно со четвртиот, петтиот, седмиот, осмиот и деветтиот Сефирот често се говори како за זעיר אנפינ, Заур Анпин, Помало Лице, Микропрозопус, како антитеза на Макропрозопусот, Големото Лице, кое е едно од имињата на Кетер, Првата Сефира.

Шесте Сефироти од кои е составен Заур Анпин се нарекуваат шест Негови екстремитети. Исто така се нарекува и מלכ, Мелек, Крал.

Број 7. Седмата Сефира е נצח, Неца, или Цврстина и Победа, на која кореспондира Божјото Име Јехова Цабаот, יהוה צבאות, Господ над Војските и ангелското име אלהימ, Елохим, богови и תרשישימ,  Таршишим, блескави (Даниел x.6).

Број 8. Оттаму следи женската пасивна потенција הוד, Ход, Слава, која одговара на Божјото Име אלהימ צבאות, Елохим Цабаот, Господ над Војските, а од ангелите בני אלהימ, Бени Елохим, синовите на Боговите (Битие vi.4).

Број 9. Претходните два Сефироти го создаваат יסוד, Јесод, Темел или Основа,кој е претставен со אל חי, Ел Хаи, Моќен Жив Бог и שדי, Шадаи; а од ангелите אשימ, Аишим, Пламења (Псалми civ.4) и така го произведуваат третото Тројство на Сефиротите.

Број 10. Од оваа деветта Сефира доаѓа десеттата и последна, а со тоа секомплетира декадата на броевите. Таа е наречена מלכות, Кралство, исто и Кралица, Матрона, нижа Мајка, Невеста на Микропрозопусот; и שכינאה, Шекина, која епретставена со Божјото Име Адонаи,אדני, а од ангелските трупи со херувимите כרובימ.

Секој од овие Сефироти во одредена мера ќе биде андрогин, зашто ќе биде женски или приемчив во однос на Сефирата, која непосредно му претходи на сефиротската скала и машки или спроводлив во однос на Сефирата, која непосредно следи после него. Сепак, не постои Сефира, која му претходи на Кетер, ниту Сефира, која следи после Малкут.
Од овие забелешки ќе се сфати зошто Хокмах е именка од женски род, иако означува машка Сефира. Врската што ги поврзува Сефиротите е Руах, дух, Мезла, скриено влијание.