Магика, Телема, Философија

За пирамидата


Тогаш си, во најмала рака, спремен да се соочиш со Пирамидата, ако си се докажал како Сфинга. Затоа што таа исто така има квадратна основа на законот и четири триаголници, на Светлината, Животот, Љубовта и Слободата за нејзини Страни, кои се составуваат во Точка на Совршенство, која е Хадит, наместена за бакнежот на Нуит.

Но во оваа Пирамида нема разлика помеѓу обликот на страните, како што е тоа случај кај Сфингата, затоа што тие се во потполност едно, освен кон правецот. Ти си тогаш збир на четирите елементи, по пат на право на твоето постигнување на Адепт, круна на твојата машкост, но не во смисла на идентитет, како кај божественото. Одтука може да се каже, од една гледна точка, дека твоето постигнување е само подготовка, украс на невестата за храмот на Химен и неговиот ритуал.

Навистина, о Сине мој, сметам во својата мудрост, дека целата оваа Работа на твојот Развој во насока на Сфингата, доаѓа пред теургијската Работа, затоа што Бог не се спуштил во лошо замислен храм кој е лошо изграден, ниту одмара во недостојна светост. Стрпливо и грижливо направи ја оваа задача, и не се брзај диво да ја постигнеш божественоста. Затоа што ова е сигурно, на убавината на девојката одговара страста на нејзиниот Бог, спонтано и без напор или кокетирање кое таа го смислила.