Телема, Философија

ΚΕΦΑΛΗ KB


ДЕСПОТ

Келнерите на најдобрите ресторани се потсмеваат на целиот свет; тие го проценуваат секој муштерија според неговата сопствена вредност.

Јас тоа го знам сигурно, затоа што секогаш постапуваат со мене со длабоко почитување. Така тие ми ласкаа до толку што ете ги фалам вака јавно.

Сепак тоа е вистината; тие се остроумни затоа што служат, и затоа што неможат да имаат личен интерес во работите на луѓето кој ги служат.

Апсолутниот монарх би требало да биде апсолутно мудар и добар.

Но нема доволно силен човек да нема интерес. Поради тоа најдобриот крал би била Чистата Случајност.

Чистата Случајност е таа која владее со Универзумот; затоа и само затоа, животот е добар.