Кабала, Телема, Философија

Љубовта е закон, љубов под волја – Коментар


Извадок од „Законот е за сите“ достапна на македонски
Ова се авторизирани коментари на Liber AL

„57. Привикајте ме под моите ѕвезди! Љубовта е закон, љубов под волја. Ниту будалите да не ја сфатат погрешно љубовта; зашто има љубов и љубов. Има гулаб, и има змија. Одберете добро! Тој, мојот пророк, одбра, познавајќи го законот на тврдината, и големата мистерија на Божјата Куќа. Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.“ – Книга на Законот, Поглавје I

КОМЕНТАР:

“Љубовта е закон, љубов под волја” е интерпретација на општиот закон на Волјата. Тоа е целосно изложено во Книгата Алеф. Овде вметнувам релевантен пасус од таа Книга,

142 – За Хармонијата на Волјата и Судбината

Ова е јасно и конечно решение на Филозофскиот Проблем во врска со Судбината и Слободната Волја. Твоето сопствено Себство, кое е сезнајно, семоќно и возвишено во Вечноста, прво го одреди курсот на твојата сопствена Орбита, така што сe што Судбински те снајде, навистина, е нужен Ефект на твојата сопствена Волја. Судбината и Слободната Волја како Гладијатори Војуваа во Филозофијата во текот на многу Векови и сега се соединети во Едно преку Љубовта под Волја, која го претставува Законот на Телема. Сине мој, нема таков Сомнеж што нема да се растопи во Сигурност и Восхит при Допирот на Стапот од нашиот Закон, ако го примениме Разумно. Развивај се постојано преку Асимилација на Законот и ќе бидеш совршен. Погледни, таму е Триумфална Ѕвездена Поворка, секоја од нив слободно се движи по својата вистинска Орбита без никаква Конфузија; сето Небо те поздравува додека одиш возвишен во Радоста и Сјајот; твојата Светлина е Светилник за оние кои Скитаат изгубени во Ноќта. Амоун.

За сегашната цел “стариот коментар” доволно го покрива остатокот од овој стих.1

Не гледам никаква штета од откривањето на мистеријата на цади на “мудрите”; останатите тешко ќе ги разберат моите објаснувања.

Цади [צ] е буква на „Цар”, Адут IV, а хе [ה] е „Ѕвезда”, Адут XVII. Оттука, Водолија и Овен ги заменија местата, свртувајќи се околу Риби како на стожер, исто како што Адутите VIII и XI, Лав и Терезија, направија околу Девица.

Double_loop_AC

Ова последно откровение ги прави нашите Тарот атрибуции возвишени, совршени и беспрекорно симетрични. Фактот за таквото негово дејствување е најубедлив доказ за натчовечката Мудрост на авторот на оваа Книга, на оние, кои со години напразно работеа за да ги разјаснат проблемите на Таротот.

1. “Стариот Коментар” е пропуштен во ова скратено издание. Релевантниот пасус од Еквинокс I (7) (1912), стр. 393, е “Будалите (не се однесува овде на а будали, зашто III:57 вели ‘сите будали презри ги’) можат да згрешат. Оттаму оваа љубов ќе биде змиска љубов, будење на кундалини. Понатамошна мистерија е за פ и е непогодна за степенот во кој е напишан овој коментар”.