Телема, Философија

Стреми се секогаш кон повеќе!


Извадок од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ достапна на македонски јазик

„72. Стреми се секогаш кон повеќе! и ако си навистина мој – а во тоа не се сомневај, и ако си секогаш радосен! – смртта е круна на се.“ – Книга на Законот

Овој стремеж треба да биде неуморен.
Ние не ги полагаме нашите животи за некој ништожен џепарлак. “Направете пат… Кој ќе ме запре в миг ќе стане дух!“.

Смртта е Крајот што го крунисува Делото. Еволуцијата дејствува преку варијации. Кога некое животно ќе развие еден свој дел повеќе од другите, тоа ги нарушува стандардите на својот вид. На почеток овој напор е направен за сметка на другите напори и се чини како да е нарушена целата рамнотежа и како да е загрозена Природата.

Штетно е присилувањето на која било способност да се развие според закон кој е спротивен на нејзината природа. За секој орган “нема друг закон над Прави што ти е волја”. Неговиот закон е одреден од историјата на неговиот развој и од неговиот сегашен однос со соседите. Ние не ги зајакнуваме нашите бели дробови и екстремитети со идентични методи, ниту се стремиме кон исти знаци на успех вежбајќи го грлото на тенорот или прстите на виолинистот.

Меѓутоа, сите закони се слични во следното: тие се согласуваат дека и силата и гласот потекнуваат од истрајно практикување на вистинска вежба без прекумерно напрегнување.

Кога способноста слободно ја исполнува својата функција таа ќе расте; тоа се тестира преку нејзината подготвеност да се “Стреми секогаш за повеќе”; таа се оправдува себе, бидејќи “секогаш е радосна”. Оттука следува дека “смртта е круна на сe”.

Сепак, поентата во овој стих е дека смртта е “круна” на сe. Круната е Кетер, Единство; “љубов под волја”, која е применета на сите Нуит-можности, на сите Ку-енергии, на секоја Хадит-средишна-Ѕвезда, така што секоја Ѕвезда совршено се исцрпела самата себе, завршувајќи една етапа од својот развој. Затоа, таа е крунисана со смрт; и бидејќи е целосна сама по себе, таа живее повторно привлекувајќи еднаков и спротивен Парник со кого “љубов под волја” е исполнување на Законот во повозвишена сфера.

zakonotsite
Популарни коментари на Liber AL vel Legis svb figura CCXX

Ние Телемитите ја охрабруваме секоја можна варијација; ние го поздравуваме секој нов “спорт”; неговиот успех или неуспех е наш единствен тест за неговата вредност. Дозволуваме квачкиното чудно седело да го однесе водата и се смееме на нејзините крици за помош; од друга страна го штитиме “грдото пајче” знаејќи дека Времето ќе ни покаже дали од него ќе стане убав млад лебед.

Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум. Така тој може да го уништи своето физичко возило, но тој може да создаде нов Кублај Кан. Тоа е негова сопствена одговорност. Исто така, ние добро знаеме дека “Ако тој е Крал” тоа нема да го повреди – на крајот на краиштата. Ние се потпираме на Природата да ги заштити, а Мудроста да ги оправда нивните деца. Површен е приговорот дека треба да се спречи човек сам да се уништи или убие, заради него самиот и заради “оние кои зависат од него”.

На оној кој не е способен да преживее треба да му биде допуштено да умре. Ние ги сакаме само оние кои можат да загосподарат со себе и со своето опкружување. Што се однесува до “оние кои зависат од него”, една од нашите главни цели е укинувањето и на самата идеја за зависност од другите. Жените со деца и малолетниците не се исклучоци, како што би можело да изгледа.

Тие ја извршуваат својата волја, жените да раѓаат, малолетните да живеат; државата треба да ја смета нивната благосостојба како своја прва должност; ако тие за момент се зависни од неа, и таа исто така зависи од нив. Некој би можел и да го извади своето срце затоа што било слабо и во случај на претпазливост. Од друга страна, тој не би бил помалку луд, ако спречи отфрлање на истрошените делови од неговото тело. Ние ја почитуваме Волјата за Живот и треба да ја почитуваме Волјата за Смрт. Човечката раса е затруена од потиснувањето на екскреторните процеси на Природата.

Се разбира, секој случај треба да се суди според неговата вредност. Неговите соседи прават добро ако му помагаат да закрепне на оној кој е ослабен поради некоја незгода или несреќа. Но, да му се забранува на коцкарот, пијаницата, сладострасникот, некој со вроден недостаток да се фрли во смрт, претставува злосторство против државата и против поединецот што е во прашање, освен ако сите тие не докажат со истрајна решеност дека можат да владеат со околностите во кои се наоѓаат и дека можат со сета сила да веслаат во Ноевата Арка на човештвото.