Ритуали

Мал Ритуал на Хексаграм


Размисли на Fra. FION
Анализа на Зборот
Завртени кон Исток, исправени, со споени нозе и испружени раце во форма на крст.
Вибрирајте :
I.N.R.I.
Кажете:
Јуд Нун Реш Јуд
Вирго Изида моќна мајка
Скорпио Апофис уништувач
Сол Озирис погубен и воскреснат
Изида Апофис Озирис.
Вибрирајте:
I.A.O.

Исправете ги рацете во форма на крст и кажете: Знак на погубениот Озирис.

Знак на Озирис Воскреснат
Знак на Погубениот Озирис

Испружете ја десната рака и исправете ја вашата надлактица да гледа нагоре под прав агол со вашата подлактица. Во исто време испружете ја левата рака и спуштете ја вашата подлактица да гледа надолу и да биде под прав агол со вашата надлактица. Завртете ја главата на лево пратејки ја со очите левата подлактица и кажете: Знак на Ожалостена Изида.

Знак на Ожалостена Изида
Знак на Ожалостена Изида

Дигнете ги рацете над главата како да формирате латинска буква V (аголот помеѓу нив би требало да биде 60 степени) со дланките свртени кон напред  и главата зафрлена наназад, нозете се подигнати на прсти и кажете: Знак на Апофис и Тифон.

Знак на Апофис и Тифон
Знак на Апофис и Тифон

Прекрстете ги рацете на градите, десната преку левата, отворените дланки да лежат на рамењата и кажете: Знак на воскреснатиот Озирис.

Знак на Воскреснатиот Озирис
Знак на Воскренатиот Озирис

Испружете ги рацете во форма на крст(како во Знакот на погубениот Озирис) и повторно вкрстете ги на градите (како во знакот на воскреснатиот Озирис) и кажете : L.V.X., Светлина на крстот.

Исцртување на хексаграмите

asdНа Исток со магиско оружје или со палецот помеѓу показалецот и средниот прст исцртајте го хексаграмот на елементот Оган додека вибрирате „ARARITA“.
(Друг начин на кој може да се изведе ова е прво да се исцрта хексаграмот а потоа да се наполни со Знакот на оној кој влегува).
На Југ исцртајте го хексаграмот на елементот Земја додека вибрирате „ARARITA“.
На Запад исцртајте го хексаграмот на елементот Воздух додека вибрирате „ARARITA“.
На Север исцртајте го хексаграмот на елементот Вода додека вибрирате ARARITA“.

Анализа на Зборот

Повторно се врши анализа на зборот како и во првиот дел

Целокупната слика на Ритуалот, со сите Хексаграми, Зборови и Знаци е дадена на оваа слика, со хебрејски и грчки букви.

Целокупна слика на Ритуалот
Преземено од „Solve-et-coagula.us“

Мало објаснување на Ритуалот

Малиот Ритуал на Хексаграм најчесто се изведува после изведување на Малиот Ритуал на Пентаграм. При површна анализа двата ритуали изгледаат многу слично, но ако се погледне подлабоко се доаѓа до заклучок дека ритуалот на хексаграм се одвива на повисоко онтолошко ниво. Пентаграмот симболизира владеење на урамнотежениот микрокосмос врз неговите составни делови, додека пак хексаграмот ја симболизира унијата помеѓу урамнотежениот микрокосмос и макрокосмосот.

Во Малиот Ритуал на Хексаграм, како и во оној на Пентаграм, магичарот оди на четирите страни на универзумот и ги исцртува елементарните симболи, правејќи круг околу храмот.
Распределбата на елементите на страните е различна од онаа во малиот ритуал на пентаграм.

Додека во малиот ритуал на пентаграм како репер на распределба на елементарините симболи е земската перспектива, во Малиот Ритуал на Хексаграм распределбата на елементарни симболи се врши од ѕвездена перспектива, врз основа на крстот кој го формираат фиксните знаци на зодијакот. На исток е поставен знакот на Лав, поради што и се распределува елементот оган на оваа страна, а понатаму останатите елементи се изведуваат од оваа репер точка. Ова симболично ни укажува дека Малиот Ритуал на Хексаграм функционира на повиска рамнина од Малиот Ритуал на Пентаграм.

Малиот Ритуал на Хексаграм функционира врз основа на принципите илустрирани во трите магиски формули: INRI, IAO и ARARITA. (за нивните коренспондеции видете во Liber 777)

INRI е акроним од латинската фраза IESVS•NAZARENVS•REX•IVDÆORVM, која значи „Исус од Назарет, Крал на Евреите“. Во христијанската традиција ова е знакот кој Понтиј Пилат го ставил над Исус за време на распнувањето.Ова е најчесто толкување на оваа кратенка, но мора да се има во предвид дека оваа формула може да се толкува и низ други призми.
Анализата на овој акроним се врши со менување на латинските букви со хебрејски INRI= yud-nun-resh-yud (ינרי).

Ако ги замениме буквите со астролошки кореспонденции оваа формула добива ново форма INRI = Девица – Шкорпија – Сонце – Девица. Вака променетиот акроним ни открива ново значење кое ни укажува на циклус кој се повторува во животот на магичарот. Појавувањето на Девица на крајот од циклусот ни укажува на неговата повторливост.

Кога ќе го разгледаме коренот на овој циклус кој се состои од yud-nun-resh или Девица – Шкорпија – Сонце, четириделната формула INRI ни открива друга формула која лежи во основата на првата и е трикратна. Тоа е формулата IAO која не насочува кон три божества и нивните митолошки наративи, чии принципи се манифестираат во животот на еден магичар. I е Изида, боженствената мајка, за Девица. А е Апофис/Тифон, уништувачот, за Шкорпија. O e Озирис, погубен и воскреснат, за Сонце.

Магичарот почнува одредена операција со почетен ентузијазам. Работите одат лесно. Ова е фазата на Изида. Потоа се појавуваат тешкотии кои ја загрозуваат операција и почетниот ентузијазам спласнува. Вистинската работа започнува. Ова е фазата на Апофис. На крај, ако магичарот истрае, операцијата напредува и делото се извршува. Ова е фаза на воскреснатиот Озирис.

Знаците на L.V.X.

Четирите знаци кои се даваат на крајот се поврзани со етапите на митот кои ги поминуваат божествата симболизирани во формулата IAO. Поставеноста на рацете во овие знаци е двозначна. Тие формираат основни геометриски форми на кабалистичкото дрво на живот и во исто време ги формираат латинските букви L,V и X односно LVX (светлина на латински). Ова се вели дека е „Светлината на Крстот“, односно дека со разбирање и употреба на формулата IAO која е скриена во INRI, магичарот може да го достигне просветлувањето кое е симболизирано од крстот.

Магиската формула ARARITA го изразува единството кое лежи во основата на овој ритуал. Зборот е составен од првите букви на Хебрејската фраза

אחד ראש אחדותו ראש יחודו תמורתו אחד

„Achad Rosh Achdotho Rosh Ichudo Temuratho Achad“

што значи

„Еден е Неговиот почеток, Една е Неговата индивидуалност, Неговата пермутација е Еден”.

Седумте букви се атрибуираат со седумте планети и се сместуваат на аглите на хексаграмот и во неговиот центар.

444

Забелешка

Оваа анализа ни одблиску не ја опфаќа целата симболика која е претставена во Малиот Ритуал на Хексаграм. Ова е само обид да ги насочи магичарите понатаму длабински да го истражат овој ритуал и со негова интернализација преку контемплација и медитација да ги добијат бенефитите кој тој ги нуди.