Кабала

Сефер Јецира – Двојни букви


Во овој мал скромен есеј ќе дадам две верзии на Сефер Јецирах кои се однесуваат на атрибуциите на седумте двојни букви и каде се разликуваат истите. Нема да навлегуваме во тоа зошто се различни, која атрибуција е поточна ниту зошто бидејќи тоа е премногу за овој блог.
Целта на есејот е да се покаже дека мора да се истражува постојано, длабоко и со сомневање за да постојано се согледуваат различностите и да се пронаоѓаат вистинските тајни значења кои се содржат во кабалистичките текстови – кои во никој случај, не смеат да се толкуваат ниту буквално, ниту пак брзоплето.

Да почнеме.

За седумте двојни букви во Сефер Јецира се зборува на неколку места. Ќе наведам неколку, за да може полесно да се разбере структурата на есејот.
За да биде појасно: „двојноста“ на овие букви се однесува на нивниот начин на изговор, тврд и мек. А тоа нормлано било доволно да се додадат сите дуалности кои можеле да ги смислат старите кабалисти кон овие седум букви.

 

„With 32 mystical paths of Wisdom engraved Yah,
the Lord of Hosts, the God of Israel, the living God,
King of the universe, El Shaddai, Merciful and Gracious,
High and Exalted, Dwelling in eternity, Whose name is Holy –
He is lofty and holy – And He created His universe with three books (ספרים),
with text (ספר) with number (ספר) and with communication (ספור).
Ten Sefirot of Nothingness,
And 22 Foundation Letters:
Three Mothers,
Seven Doubles
And twelve Elementals.“ — Sepher Yetzirah, I:1

„With it He engraved and carved
22 Foundation Letters
Three Mothers
Seven Doubles
and Twelve Elementals“ — Sepher Yetzirah, I:10

Seven Doubles: Bet – ב , Gimel – ג, Dalet – ד, Kaf – כ, Peh – פ, Resh – ר, Tav – ת.“ — Sepher Yetzirah, IV:1
Ако внимателно ги следиме извадоците можеме лесно да конструираме табела, преку која ќе ги согледаме самите атрибуции на седумте букви, кои се наречени двојни.
Буква Крал Слуга Простор Планета Ден во годината Дел од Човекот
 ב Мудрост* / Живот** Лудост / Смрт Нагоре Месечина / Сатурн Недела / Сабота Десно око / Уста
ג Богатство / Мир Сиромаштија / Војна Надолу Марс / Јупитер Понеделник / Недела Десно уво / Десно око
ד Плодност / Мудрост Пустош / Лудост Исток Сонце / Марс Вторник / Понеделник Десна ноздра / Лево око
כ Живот / Богатство Смрт / Сиромаштија Запад Венера / Сонце Среда / Вторник Лево око / Десна ноздра
פ Власт / Плодност Потчинување / Пустош Север Меркур / Венера Четврток / Среда Лево уво / Лева ноздра
ר Мир / Благодат Војна / Одвратност Југ Сатурн / Меркур Петок / Четврток Лева ноздра / Десно уво
ת Благодат / Власт Одвратност / Потчинување Центар Јупитер / Месечина Сабота / Петок Уста / Лево уво

 

* – Првите атрибуции се земени од Elijah ben Shlomo Zalman, или Гра верзијата на Сефер Јецира
** – Вторите атрибуции земени од Saadia ben Joseph (al-Fayyumi) верзијата на Сефер Јецира.

Ова се атрибуции кои се разгледувани во ортодоксната кабала. Во Liber 777 читаме: Планетите дадени според Saadia се дадени според нивното привидно движење. Ако ги напишеме истите околу хептагон и во него испишеме хептаграм еднопотезно – ќе ги добиеме деновите во неделата.

planetaryhourstar

Но, ако ја погледнеме Liber 777 ќе видиме дека имаме сосема други атрибуции кои се протегаат низ многу повеќе системи без да ги губат своите атрибуции ниту пак да имаат контрадикторни идеи самите симболи минувајќи од еден во друг систем.

Во оваа херметичка кабала која што се содржи во Liber 777, гледаме декa ב е Меркур препишан на среда, ג е Месечина препишан на понеделник, ד е Венера препишан на петок, כ e Јупитер препишан на четврток, פ е Марс препишан на вторник, ר е Сонце препишан на недела и ת e Сатурн или Земја препишан на сабота. Исто така постои врска помеѓу тарот картите и овие планети чии атрибуции се надополнуваат и надминуваат.

Но, тоа е опширна тема за која е потребно да се изнапишат повеќе книги, отколку овој мал есеј кој што содржи само капка од бесконечниот океан.

И за крај, бидејќи една слика вредела 1000 зборови – ќе ги дадеме две верзии на Cube of Space. Со атрибуции од ортодоксната кабала и оние содржани во Liber 777.

c_space0
Cube of Space, Saadia version

cube_planets1
Cube of Space, Liber 777 version

Забелешка: Не заборавајте дека Јецира е еден од четирите кабалистички светови. 🙂

Advertisements