Поезија

Осамено е по Патот на Огнот…


Осамено е по Патот на Огнот
каде се е скриено во Вистина.Во Огнот пепелта не умира,
само скришно, скришно се крие,
молчи во волшебна Тишина,
закотвена во Море со Вода Ѕвездена.
Во белизчност претворена,
чека да ја разбудат мисли,
вечни патници низ Бездната.

Од Ништото ќе се крене,
како феникс – оган чудесен
од Минато за Иднината да постои,
со Живот-оган да опстои.

Со огнот ме оставија да постојам,
низ него да освојувам, да заборавам.
Тајна ми дадоа,
да ја зборувам со Тишина.
Од Времето да ја сокријам во Вода човечка,
во Оган да ја исковам и нова, нова
во Огнот да ја вратам – како Невеста.

Ми рекоа од Смрт, Живот се раѓа,
Но јас велам:
Од Пепел, Оган се раѓа,
сличен на Вода божествена,
со венец – Вечност закитен,
сам за себе, сам во себе…

Спиј,
Во Огнот се е Вистина,
Тајна над Тајните.