Магика, Телема, Философија

Телема – Закон на Човештвото


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Бидејќи некои едноставно не ја разбираат разлика од „прифаќање“ и „доаѓање“ –  да дадеме пак објаснување за Законот на Телема од каде доаѓа и како се шири во човештвото. И иако е поврзан со одреден Ред, Законот не припаѓа на тој Ред, само дојде преку него – од некоја причина што е апсолутно непозната за обичниот човек.

Постојат два Реда поврзани со Законот на Телема. Тоа се A∴A∴ од една страна и О.Т.О. од друга страна. E.G.C. иако има рангови, не е Ред во смисла како што се првите два Реда и таа е религиозната страна на Телема. Нема да расправаме за тоа сега бидејќи ќе не одалечи премногу од идејата за краток есеј за Телема и О.Т.О.

Претходниот есеј го завршивме со цитат од Khabs am Pekht И гласеше:

„Но запамти добро дека Законот доаѓа од A∴A∴, а не од О.Т.О. Овој Ред всушност е прв од религиозните тела кои службено го прифатија овој Закон, и неговиот целокупен Ритуал беше ревидиран и преуреден во склад со таа одлука.“
Liber CCC (Khabs am Pekht)

Од овој цитат премногу добро се гледа која е разликата што ја напоменавме на почетокот на овој есеј: од каде доаѓа Законот и кој го прифатил тој Закон!

A∴A∴ и O.T.O. се во испреплетена врска на повеќе нивоа, може да се каже дека О.Т.О. има задача на физичко ниво да го подготвува човештвото за Законот на Телема преку иницирање и заедничко усовршување на луѓето во новото време, додека A∴A∴ се занимава со посуптилни ствари не толку директно во контакт со човештвото.

AAOTO

Нормално, ова е прекратко објаснување за овие два Реда, а за целосно разбирање на стварите е потребно да се напише една цела книга, а и тогаш се ќе зависи од умешноста, знаењето и разбирањето на самиот читател во врска со Телема и новиот Еон.

Законот не се нарекува Законот на О.Т.О. (постојат други закони во Редот преку кој тој функционира и се управува) па да припаѓа некому…
Законот се нарекува ТЕЛЕМА: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон. Љубовта е закон, љубов под волја.
Законот сме пишувале многупати од каде дојде и се мислам дека постојано ќе мора да се повторуваме, но ако сакате повеќе информации, има книги кои се занимаваат со историјата на овој феномен.

И бидејќи луѓето се научени да ги следат повеќе своите желби, отколу да работат и да се спознаваат себе си и нивната чистата волја, постојат пракси и книги кои малку од малку објаснуваат каде греши неиницираниот во однос на неговото Големо Дело (половина од ритуалите се непознати, половина знајни, така вели Книга на Законот) и што да прави за да не биде будала и да оди пат кој што не го води никаде.
И сега, за некој безделник (ќе ме извините ако се почувствувате навредени) кој што се турка без потреба неразбирајќи или поточно незнаејќи ништо за Телема, сме виновни ние (луѓето кои собрале храброст и откриле дека сега и тука нивна волја е да бидат дел од нешто како О.Т.О.) што нудиме пракси со која личноста би станала подобра и за себе и за другите?

Ако сте се пронашле во Законот на Телема, а Ви е проблем што доаѓа тој Закон преку нас, луѓе кои се иницирани во О.Т.О. или пак A∴A∴, а не од некој друг, тогаш треба да си поставите многу прашања на кои ќе мора да им најдете одговор за да дознаете каде правите грешка во однос на Телема, иницијација и новиот еон.
Според моето разбирање и искуство – прифаќањето на Законот на Телема и правилно искористување на истиот секако ќе Ве однесе до портите на Редовите од кои доаѓа и се шири истиот тој Закон и ќе побарате иницијација.
Инаку, ќе мора да седите дома и да се лутите се до небото и до пеколите што нештата кои ги дознавате и спознавате не се во рамките на вашите убедувања (за разбирање не можам ни да почнам да зборувам, бидејќи не сте запозанени со системите на кои е изграден Законот на Телема).

Законот донесе еден мал проблем кај неиницираните кои ги фатил малку четириделниот зрак на Телема (Слобода, Живот, Љубов, Светлина) и тоа им се допаднало, тоа се оние кои знаат дека постои Закон кој што ги привлекува, но бидејќи не знаат што значи авторитет и работа (или се плашат од сето тоа), ја губат нишката. Исто така и стравот од непознато.
Истите тие мислат дека се Сонца кои не зависат еден од друг. Забораваат дека се дел од огромна слика. Дека се привлекуваат едни со други. Егото им стана голем проблем на тие луѓе. Никој не сака пракса (храна за да станат вистински Сонца), но и те како им е лесно да зборуваат како тие во претходниот живот биле Наполеон или Јоан де Арк и во овој живот тие не мора ништо да надминат!
Ние велиме: НАДМИНИ НАДМИНИ! СЕКОГАШ БАРАЈ ПОВЕЌЕ!

Законот не припаѓа никому, но секој може да го користи. Е сега, ако Ве лути што О.Т.О. го пушти законот да се тркала низ мноштвото луѓе, во светот на микрокосмосот и што се дозволи секој човек, дали во полето, дали во фабриката, дали во палатата или парламентот да го препознае овој Закон како свој и преку него да бара иницијација во Редови како О.Т.О. – тука ништо не можам. Слободно може да Ве лути тоа …

Мислам дека доволно зборувавме за тоа како Законот на Телема не доаѓа од О.Т.О., туку луѓето во О.Т.О. го прифаќаат Законот на Телема како начин на дејствување на Земјата. Оди сега и имај пракса човеку. Надминувај!
На Хептаграм XI блогот имате и ритуали, ако тоа е за Вас пракса. Има и философии и извадоци од книги, ако тоа за Вас е пракса – почнете!
Почнете еднаш за секогаш да работите за да разберете нешто од „духовноста“ кон која се стремиме ние телемитите! И не доаѓајте со 5 страници прочитани од интернет напишани од којзнае кој, може дури и да сум јас самиот – и да пробувате да „турнете“ закон како Телема.

Сега, одете и бидете свои.

Љубовта е закон, љубов под волја