Алхемија, Астрологија, Кабала, Магика, Тарот, Телема, Философија

Книга на Тот – Египетски Тарот


Конечно нешто ново и примамливо за студирање. После „Магика, Книга 4“, капиталното дело на Кроули за сеопфатна студија на Магика, Јога и Телема во една книга, на македонски јазик доаѓа и неговото последно дело на оваа тема, издадено 1944-та е.в.!

Само сега мислата е насочена кон внатре и внатрешниот пат!
Книга која мора да се има и да се студира во светлото на Телема и Новиот Еон!

93 пријатели
Update! Update!
27.07.2019
КОНЕЧНО!

Ја издадовме „Книгата на Тот – египетски тарот“ на Кроули чии авторски права ги задржува О.Т.О. – Ordo Templi Orientis.

Сериозна книга која го обработува #Таротот во вистинско светло: збир од учења кои се прелеваат и надополнуваат едни со други на многу нивоа давајќи го со хирушка прецизност суштинското значење на секоја карта од #Тот Таротот!

Ова е последната книга напишана од #Кроули, а која обработува теми како #кабала, #астрологија, источна #философија, #Телема, #магика

Последната „техничка“ книга на Кроули, во која се збиени сите искуства и знаење на Мајсторот #Терион додека патувал по површината на Земјата, нурнувајќи се дури и до самите пеколи, за да потоа се вивне без проблем до големите Богови на небесата – собирајќи искуство и знаење кое ќе го променат Стариот Еон, а кои се дадени преку слики и симболи во ова ремек дело, со помош на Фрида #Харис, уметникот кој што стои зад уникатноста на Тот Таротот!

Книгата содржи тајни и знаци кои ќе му помогнат многу на оној што бара клуч кон својата скриена Палата.

Патот не е лесен при студирање на оваа книга, како и самото учење за Таротот, ќе наидете дури и на потешкотии при самото разоткривање на тајните значења на одредени симболи кои што Кроули ги усовршил до божественост во оваа книга, но кој рече дека дијамантот е чиста случајност во природата?

На многу суптилен начин, преку соединување на учења и #симболи кои се испреплетуваат и временски и просторно низ историјата на човештвото, е разоткриена #иницијацијата на новото време, Еонот на #Хорус, Крунисаното и Освојувачко #Дете!

93 93/93