Света Телемитска Сезона

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Како што знаете, ние, Телемите, секоја година, за време на пролетната рамнодневница го прославуваме „Еквиноксот на Боговите“ во чест на големата промена на Магиската Формула која го донесе Новиот Еон.
Кроули за „Еквиноксот на Боговите“ вели:

„Еквиноксот на Боговите е израз кој што се користи за да се опише Почетокот на Нов Еон, или Нова Магиска Формула. Треба да се празнува на секоја Рамнодневница…“
– Нов Коментар на Liber AL, II:40

Continue reading “Света Телемитска Сезона”

Advertisements

Патот на Соколот

Велат дека се родил некаде во Пустината на Мисир, кај тајниот извор на Нил,
кога Смртта и Стравот им здосадиле на Луѓето ,
а Боговите од тогаш се надеваат дека ќе умре еден ден кај Столбовите на Светот.
Велат дека има четири дела, секој различен, а сепак ист.
Четири дела, кои всушност биле Еден.
Велат дека има Брат-Близнак кој молчејќи зборува за Тајните на Луѓето.
Сонцето и Месечината се негови родители, кои ако ги познаеш, вистински се Брат и Сестра, Два и Нула.
Велат дека Борес му единствениот сојузник во Детските Игри, во Лутањето и  Освојувањето со Тишина.
Велат и дека Еднаш владеел со Светот, кога Севидното Око стоело на Столбот   на Животот и Смртта.
Некои го нарекоа Осветник на Боговите, а други Света Тишина. Јас го нареков Asar un Nefer, сличен на Боговите.

*     *     *

Јас сум тој кој го искова Соколот во ѕид од гранит довлечкан од длабочините на  мојата душа, за да ме потсетува на Неговиот Пат, кој и да сакам,  не можам да  го кажам, ниту пак некако објаснам со овие прости зборови кои не знам убаво да ги обликувам. (Одсекогаш молчам кога имам премногу да кажам.

И секогаш кога молчам, на карпата-душа се длабат мисли-симболи кои ни ветрот ни јас не ги потполно разбирамe.)

Велат дека неговото Име е Убавина и Рамнотежа на Животот, но велат и дека е Самопожртвуваност и Љубов за Одмазда. Велат дека повеќе од еден век веќе лета Соколот на Новото Време низ Земјата, согорувајќи го низ Војна и Оган Стариот Свет, создавајќи ја Ветената Земја за Војската на Сонцето, Волјата и на Љубовта. Слушајте внимателно, бидејќи Некој го кажа неговото Вистинско име, кое и Човекот на Денес може да го слушне подобро и да го разбере подобро :

A.chad R.uach A.chdotho R.osh I.chudo T.emurachzo A.chad,
Кој е Седумкратен Пат кон Внатрешноста на Земјата
кој е Вистинскиот Пат на Соколот.
V.I.T.R.I.O.L.

Fra. A.

  • Мисир – старо име за Египет
  • Сокол – египетски симбол за богот Хорус
  • A.chad R.uach A.chdotho R.osh I.chudo T.emurachzo A.chad или ARARITA ( אראריתא ) e магиска формула која се користи во Малиот истерувачки ритуал на хексаграм и во превод значи: Еден е неговиот почеток, Една e неговата Индивидуалност, Неговата пермутација е Еден!
    За повеќе, овде.
  • V.I.T.R.I.O.L. = Visita Interiora Terrae Rectificando Invenies Occultum Lapidem или на македонски „Посетете ја внатрешноста на Земјата со прочистување ќе го откриете скриениот камен“.
    Ова е алхемиско мото. Ова мото е испишано и на тарот картата „Уметност“, АТУ XIV

ATU14
АТУ XIV – Уметност

VITRIOL
VITRIOL