Јога, Алхемија, Кабала, Магика, Поезија, Постери, Телема, Философија

Да Знаеш, да имаш Волја и да се Осмелиш…


 

Ова што следува подолу е цитат од есејот за Вилијам Блејк напишан од Алистер Кроули, поместен во „Препород на Магиката“, која е достапна на македонски јазик.
Цитатот на никој начин не треба да го обесхрабри читателот – трагач, но за мудриот нема потреба од вакви патокази – бидејќи она што е скриено пред очите, се открива со медитација и работа.

За Вилијам Блејк овој цел блог е премал за да може да се опише генијот што го носел во себе и пророчките дела што ги создал следејќи ги сопствените визии!

Битно за овој Гениј е што моментално активниот O.H.O. на О.Т.О., Патријарх на E.G.C. – во 1997 е.в. го прогласува  Вилијам Блејк за Светец на Ecclecia Gnostica Catholica (Гностичката Католичка Црква) и неговото име е додадено во листата на светци во Liber XV (Canon Missæ) или Гностичката Миса, чиј ритуал е всушност „… централен ритуал на О.Т.О. за приватно и јавно изведување…“

И како што вели Кроули во истиот есеј:

„Секој  нов Христос бара Јован Крстител; на секоја ренесанса и претходи соодветен пророк.“
– Препород на Магиката,  А. Кроули

poster