Кабала, Телема, Философија

Мали есеи кон вистината – Љубов


 “Мали есеи кон вистината” од Алистер Кроули

Формулата на Тетраграматонот е совршен математички израз за Љубовта. Нејзината суштина е следнава: секои две работи се соединуваат со двоен ефект; првин уништување на двете, проследено со екстаза која се должи на олеснувањето од напорот на одвоеност; потоа создавање на трето нешто, проследено со екстаза на оствареното постоење, која е Радост се додека со развојот не стане свесна за сопствената несовршеност и љубов.

Оваа формула на Љубовта е универзална; сите закони на Природата се нејзини слуги. Оттука гравитацијата, хемиската валенца, електричниот потенцијал и останатите – и овие се само аспекти на општиот закон – се многубројни (различно набљудувани) потврди на ова единствено тежнеење.

Универзумот се одржува преку двојното дејство што е вклучено во формулата. Исчезнувањето на Таткото и Мајката прецизно се надополнува со појавата на Синот и Ќерката. Затоа тоа може да се разгледува како perpetuum mobile машина, која континуирано развива восхит во секоја од нејзините фази.