Само Еден јас барам…


 

Што да правам, о муслимани?
Оти и самиот веќе не се препознавам.

Не сум ниту христијанин, ни Евреин, ни зороастриец,
ниту муслиман, не сум ниту од Исток, ни од Запад (1),
ни од копно ни од море, не потекнувам ни од природата,
ни од небесата во нивниот вртеж.

Не сум ни од земја ни од вода, ни од воздух ни од оган;
не сум ни од небо, ни од прашина; немам ни постоење ни битие.

Не сум ни од Индија, ни од Кина, ни од Булгар, ни од Саксин,
не сум ниту од кралството на Ирак, ниту од земјата Корасан.
Не сум ни од овој ниту од оној свет, ни од рајот ниту од пеколот,
не сум ни од Адам ни од Ева, ни од Едем ни од Ризван.

Моето место е да бидам без место, трага ми е да сум без трага.

Ова не е ниту тело ни душа,
оти јас и припаѓам на душата на Љубениот.

Се откажав од двојноста, видов дека и двата света се едно:(2)
само Еден јас барам, само Еден јас знам,
само Еден јас гледам, само Еден повикувам.

Тој е и Првиот и Последниот и Прикажаниот и Скриениот;
јас не знам ништо освен за „ја-ху“ (Него) и за „ја ман ху“ (Тој што е). (3)

Опиен сум со пехарот на љубовта, што ќе ми се два света. (4)

Ако поминам само миг од мојот живот без тебе, се каам за тој миг.
Ако на свет добијам само миг со Тебе,
ќе лазам под стапалата на овие два света
и засекогаш ќе танцувам во триумф.

О Шамс од Табриз!
Толку сум опијанет од светов што не знам за друго
освен за пијанство и занес.

Diwan-e Shams-e Tabriz, Rumi

 


1.  „Не очекувај го ниту од Исток ниту од Запад; зашто од неочекувана куќа доаѓа тоа дете. Аум! Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку; реши ја првата половина од равенката, втората остави ја недопрена. Но, ти имаш сѐ во јасна светлина, и нешто, иако не сѐ, во темнина.“ – Книга на Законот, I:56

2. „אחד ראש אחדותו ראש יחודו תותמורתו אחד – One is Thy Beginning: One is Thy Spirit:  Thy Permutation One“ – ARARITA, Едноста преку неколку суфи размисли

3. „
while all Trances are Destroyers of Knowledge—since, for one thing, they all destroy the sense of Duality –they yet put into their Adept the means of knowledge. We may regard rational apprehension as a projection of Truth in dualistic form; so that he who possesses any given Truth has only to symbolise its image in the form of Knowledge.“ – Little Essays Towards Truth, A. Crowley (достапна на македонски јазик)

4. „Vehicle of the joy of Man upon earth, solace of labour, inspiration of endeavour, thus be thou ecstasy of the Spirit!“ – Liber XV, Ecclesiæ Gnosticæ Catholicæ Canon Missæ

Advertisements