Кабала, Магика, Ритуали, Телема, Философија

Магика vs Зло


Злото е синоним за неуспех.

Ние немаме ништо со нижиот волшебник, кој се продава себеси како роб на некој “ѓавол”. Тоа е антитеза на магиката. Целта е да се заповедаат духовите.
Добро, тогаш да претпоставиме дека почнуваме на еден глуп, себичен и алчен начин т.е. се обидуваме да ги натераме духовите да ни донесат злато.
Го призиваме Хисмаел1, Духот на Јупитер. Ништо не се случува.
Дознаваме дека со Хисмаел командува неговата соодветна интелегенција Јофиел2. Затоа го повикуваме Јофиел, кој се покорува единствено на наредбите од Сахиел3.
Иста е приказната со Сахиел.
Одиме до архангелот Цадкиел4. Пак нема фајде, зашто Цадкиел, не му се покорува никому, освен на Ел5.
Добро, го повикуваме Ел, Господ.
Тогаш мораме да станеме Ел, и откако сме го направиле тоа, откако сме влегле во таа огромна божествена суштина, неможеме повеќе да се грижиме дали имаме пари или не. Сето тоа сме го оставиле зад себе. Така гледаме дека за изведување на некое чудо мора да имаме божествена причина.

Јас честопати барав пари и ги добивав, но само кога парите беа навистина потребни за некое очигледно космичко добро.

Всушност, со каква било работа човек да започне, таа го води до Големото Дело. Тоа е логичен процес и дури ако човек бил намамен кон нелогичноста, па се свртел кон Црна Магија, тие големи сили, чии имиња (можеби поради незнаење) ги призвал, постојат невидливи околу него и го враќаат на патеката со еден удар – и бидете сигурни, ударот воопшто не е нежен.

Елифас Леви ја дефинира Црната Магија како резултат на истерување на волјата на апсурдот. Човек не станува луд кога гледа ѓавол, зашто пред да го повика тој мора веќе да бил луд.

Чудесно е како формулата на Хермес Трисмегистус се провлекува низ се, Магиката е само проширување на микрокосмосот во макрокосмосот. И бидејќи макрокосмосот е поголем, следува дека она што човек го прави со магиката е само усогласување со Бесконечното. “Во себе јас сум ништо: Во Тебе јас сум Се. Живеј во мене! и доведиме до онаа Суштина која е во тебе!” е завршетокот на големата молитва од Розенкројцерите.

Ова, во секој случај објаснува зошто се наоѓаат во неволја оние кои чепкаат во магиката од љубопитство, или кои се обидуваат да им наштетат на магичарите.

Магичарот е израз нa волјата од Универзумот: наметливците создаваат побуна и страдаат. Да се спротиставиш на вистински Магичар е исто така глупо како да си ставил раката на циркуларна пила што е во движење. Но, оној што останал без рака ја обвинува пилата.

Извадок од книгата: “Препород на Магиката” од Алистер Кроули


  1. Видете ја колоната LXXIX од Liber 777, ред 21
  2. Видете ја колоната LXXVIII од Liber 777, ред 21
  3. Видете ја колоната CLXXVII од Liber 777, ред 21
  4. Видете ја колоната LXXXV од Liber 777, ред 21
  5. Видете ја колоната V од Liber 777, ред 21