Алхемија, Кабала, Магика, Поезија, Телема, Философија

צ – Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC

Јас ве поттикнувам да не се откажувате од вашите сладострасни патишта, од вашата мрзливост, од вашите лудории.
И јас ви носам радост за вашето задоволство, мир за вашата истошеност, мудрост за вашата лудост.

Кабала, Магика, Тарот, Телема, Философија

За Змијата

Не велиме да не се проучуваат системите, да не се учат хиероглифите на Мајсторите – но голема замка е ако врвот е тоа – собирање информации кои никаде не може да ги употребите бидејќи или имате страв од Змијата и Лавот кои стојат како херувими пред Бездната или сте мрзливи.
Искуството кое што не дозволува да се надминува, да се напредува, не може да Ве турне во Бездната за да се ослободите од премрежјата на разумот…

Јога, Магика, Телема, Философија

Емпатија и Телема

КАРМАТА НЕ Е СУДБИНА запишана во камен или дијамант.

Кармата е динамичка патека која за нас, како луѓе на Земјата, секогаш ќе изгледа дека е права патека која води директно кон Сонцето, хоризонтот. Зарем забораваме дека кога бесконечното мало ќе застане на патеката на Бесконечното големо – сè што гледа е прав пат не можејќи да ги види разните свиоци кои се појавуваат пред него со секоја негова мисла и дејствување.

Астрологија, Кабала, Раскази, Тарот, Телема, Философија

За бројот IX кој што е XI

Пропорциите се спасители на Светот. Тие се оние мали оружја со кои малиот Човек, Кралот во Кралството, го зголемува знаењето во Непознатото, зголемувајќи ја Верата на оние кои ја бараат. Преку пропорциите може да спознае непознатото за Умот, колку и да изгледа далечно и недостижно. Светот постои како мноштво на најразлични функции кои меѓусебно зависат… Continue reading За бројот IX кој што е XI

Алхемија, Астрологија, Кабала, Магика, Тарот, Телема, Философија

Книга на Тот – Египетски Тарот

Конечно нешто ново и примамливо за студирање. После „Магика, Книга 4“, капиталното дело на Кроули за сеопфатна студија на Магика, Јога и Телема во една книга, на македонски јазик доаѓа и неговото последно дело на оваа тема, издадено 1944-та е.в.! Само сега мислата е насочена кон внатре и внатрешниот пат! Книга која мора да се… Continue reading Книга на Тот – Египетски Тарот

Философија

Сонот на Скипион

Дури, движењата на оние осум сфери кои се над земјата, во кои спаѓаат Меркур и Венера и чија сила е иста, прават седум звуци со правилни интервали меѓу себе; а тој број е поврзувачкиот принцип на речиси сите живи нешта. Учените луѓе, имитирајќи ја оваа божествена мистерија со жичени инструменти и вокални хармонии, го стекнале за себе правото да се вратат на ова место, исто како и останатите, кои надарени со виша мудрост, ги негувале божествените науки дури и во човечкиот живот.