Телема, Философија

Неиницираните и нивното „Големо дело“


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Во овој краток есеј ќе понудам мое мнени за она што би можело да биде иницијацијата за оние кои ја бараат, што би било Вашето Големо Дело како неиницирани во мистериите на Телема.  За на крај да добиеме одговор: Како до Големото Дело до и преку Иницијацијата?

Во никој случај нема да го дефинирам Големото дело за поединецот, тоа е невозможно и би било сосема дрско од моја страна. Ќе се обидам само да дадам еден вид на патоказ за луѓето кои бараат нешто, но не знаат што е, ниту како до него. Ќе дадам само мало објаснување на „чекорите“ кои треба да се поминат за да не се лута наоколу и да се заморат нозете на аџиите залудно.

Да почнеме!

Што е иницијацијата во нашите свети мистерии? Што ќе направи иницијацијата за вас како неиницирани?

Ние како Tелемити кои го следиме Законот на Телема сметаме и тврдиме дека секој маж и секоја жена е Ѕвезда. Во првото поглавје на Liber AL vel Legis е запишана оваа голема вистина, на која топло ви порачувам да медитирате колку што можете подлабоко, до самата срж на оваа изјава. Научете дека Вие, а и Секој има и е со своја природа, патека и волја. Секој патува низ бесконечните пространства на Нуит барајќи свесно или несвесно искуство. Кроули во Коментарот кон „Книгата на Законот“(1921) вели:

Our minds and bodies are veils of the Light within. The uninitiate is a ‘Dark Star,’ and the Great Work for him is to make his veils transparent by ‘purifying’ them. This ‘purification’ is really ‘simplification’; it is not that the veil is dirty, but that the complexity of its folds makes it opaque. The Great Work therefore consists principally in the solution of complexes. Everything in itself is perfect, but when things are muddled, they become ‘evil.’ 

Дури и при првите чекори на патеката, различна е „круната“ кон која се стремиме, бидејќи од рамнината, сеуште добро не се гледа врвот на планината по која се искачуваме.
Исто така е запишано:

„… the attainment of the Knowledge and Conversation of the Holy Guardian Angel is the Crown of the Outer College.“ – The Equinox, Vol.I, No.10

Ако ова важи за иницираниот, тогаш за неиницираниот што и да зборуваме за иницијацијата или за Големото Дело, за него единствена „цел“ е да почне да ги растргнува превезите на неговата суштина, да го „насети“ пламенот што гори во неговата Ѕвезда.
Неиницираниот не може да сонува и да се надева на Разговор и Знаење на Светиот Анѓел Чувар, за кој се зборува во многу свети Телемитски книги, ако не стапнал на патеката која води навнатре, ако никогаш не го израмнил Законот со себе си. Многумина паднаа заради фантазиите и своето заболено его дека Светиот Ангел Чувар доаѓа неповикан, без добро изграден Храм – далку од иницијациите и искушенијата! Првиот чекор на неиницираниот, кој што слуша далечен звук кој што го повикува, не знаејќи за каде, ниту како – е да погледне колку што може посилно и подлабоко во себе си и да дознае дали неговата Ѕвезда е привлечена кон Законот на Телема, даден преку Liber AL vel Legis!

Со ова, неиницираниот ќе ги надмине своите сомнежи и стравови што може да пронајде таму „внатре“ во срцето на својата Ѕвезда. Одговорот е едноставен и страшен: Што и да пронајдете – тоа сте вие – извадете го најдоброто од вашето патување меѓу Ѕвездите, без разлика дали било анѓел или демон. Само така ќе дадете конечен одговор дали вашето постоење тука и сега бара иницијација во мистериите на Телема. Само така ќе знаете дали ќе бидете во ова блаженство или не! Бидејќи запишано е:

„Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.“ – Еквинокс на Богови

Сега може едноставно да кажеме што прави иницијацијата за оној што го спознал внатрешниот Глас кој што го повикувал толку долго време низ вечноста! Иницијацијата ја поставува „изгубената ѕвезда во мноштвото“ во својата орбита за да го започне својот пат кон прочистување на превезите кои ја прават „Црна Ѕвезда“. И тогаш започнува вистинскиот Пат.

Од погоре напишаното за „работата“ на неиницираниот, знам многумина кои Големото дело го замислуваат како „откривање на несвесното“ одење навнатре за да пронајдат кој знае што, некоја фантастична романтична статична состојба, да не кажам – мртва.

03_08_the_great_work_webВнатре нема Ништо освен Точка на Гледиште – која што е многу битна и ја одредува патеката на една Ѕвезда, ја содржи сета Волја на една Ѕвезда, го содржи сето искуство собрано по патот на една Ѕвезда. Ако целта Ви е да одите навнатре  и таму да се затворите во својата Тврдина, вие самите си правите лошо – станувајќи Црни Браќа. За да го избегнете ова сфатете дека Највнатрешното е Идентично со Се!

Со „Патување“ навнатре треба да ги согледате сите превези на Универзумот, да ги разберете и да ги тргнете – и нормално да имате една јасна цел: Хадит да ги има сите можни искуства во однос на неговата природа според Ѕвездата во која гори. Разберете дека ние Телемитите сме екстровертни – целта е да се зграби она „надвор“ и да се приспои кон она внатре и тоа со една цел – зголемување на Универзумот на нашето „Јас“.

Зарем во нашите свети книги не е запишано:

.’. О човеку! причувај се! Со кои маки ти си бил обликуван! Колку векови протекле во твое обликување! Историјата на планетата е вткаена во својствена супстанција на твојот ум! Зар сето тоа било за ништо? Зар нема причина во тебе? Зарем така беше створен за да би јадел, дишел и умрел? Не мисли така! Ти обединуваш толку многу елементи, ти си плод на толку еони труд, ти си обликуван така како што си, а не поинаку, за некоја колосална Цел.

Со иницијацијата, откако една Ѕвезда е поставена во системот и спремна за својот пат, Човекот постепено станува свесен за работите кои ќе го надополнуваат и максимално ќе му го прошируваат и продлабочуваат неговото искуство и разбирање на своето себство, а со тоа и на универзумот околу него и во него. Рековме дека внатре е исто како и надвор – as above so below – познатата херметичка дифиниција за напредување. Со иницијацијта се намалуваат лутањата и бркањето на фантомски искуства со надеж да се згоеми универзумот силувајќи ги сите патеки на кои што ќе наидете. Се намалува потрошеното време и енергија потребно за надминување на сопствените највнатрешни искушенија.

Не бесцелно во Liber LXI vel Causae e запишано:

.’. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.

Во „Книгата на Законот“ прекрасно е дадена врската на внатрешното со надворешното и како се врзани еден со друг:

2. Дојдете! сите вие, и сознајте ја тајната што се уште не е откриена. Јас, Хадит, сум надополнение на Ну, мојата невеста. Јас не сум распространет, и Кабс е името на мојата Куќа. 3. Во сферата јас сум насекаде центар, како што таа, обемот, никаде не се наоѓа.

Нормално, иницијцијата без понатамошна работа и без решавање на искушенијата која таа ќе ви ги понуди, нема да ве одведе никаде. Треба на неиницираните (а и на иницираните нормално) да им биде јасно дека Иницијацијата не создава мрзливци ами Воини кои прво ќе се освојуваат и спознаваат себе си, а потоа се друго!

Овој процес на иницијација не е статичен и временски ограничен. Дури и Ритуалите на Иницијација иако се одвиваат во даден временски опсег, не се ограничени временски.

Иницијацијата е динамички процес кој што на најсуптилен начин нуди искушенија за секој превез, за секоја индивидуа различно.  Затоа не може да се зборува каква би била иницијациата општо, може да се зборува за целта, но како до таа цел или како до Големото дело – одговорот е едноставен: Колку што има Ѕвезди, толку патеки на Иницијација има! Ритуалите се исти како и ефектите – но патеката помеѓу почетокот и „крајот“ зависат од Ѕвездата. Има простор за секоја Ѕвезда, простор за секоја можна патека која ќе и овозможи максимално искуство на иницираниот, доволно искушенија чие надминување ќе ве направи подобри!

Дали овој процес на прочистување и откривање на превезите на највнатрешната суштина кај поединецот е тежок и опасен процес? Одговорот е едноставен: ако за поединецот откривањето на својата вистинска суштина и Чиста Волја е тежок и опасен процес – тогаш – ДА, иницијацијата е опасна работа.

*      *      *

Од ова кажаното може да се заклучи дека Големото Дело и Иницијацијата може да се една иста работа, но и не мора. Се зависи од местото на Ѕвездата во бесконечните пространства на Нуит. Дали Ѕвездата е Црна или превезите паднале или паѓаат. Се зависи од Иницијацијата и Волјата на човекот. ЗА неиницираниот „Големото Дело“ е Иницијацијата, за Иницијантот кој што почнал да патува низ пространствата на Нуит собирајќи искуства и спознавајќи се себе си со цел да ја спознае својата Чиста Волја, нема да зборуваме за Неговото Големо Дело.

И на крај би рекол збор два за оние што се прашуваат ЗОШТО да се иницирам. Мој совет, како иницијант во О.Т.О. нормално и човек кој што ги следи принципите на „Книгата на Законот“, е ова прашање ЗОШТО, да го замените со КАКО и КОГА. За оние кои навистина се интересираат за телемата ќе знаат од каде доаѓа мојот совет, за оние што не знаат ќе ги упатиме на стих од „Книгата на  Законот“:

30. Ако Волјата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Волјата застанува и не прави ништо.
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.

Освојувајте, спознавајте, надминувајте…

Љубовта е закон, љубов под волја

Fra. Ελευθέριος