Алхемија, Кабала, Магика, Философија

За Луцифер, LVX и други мистерии


Ова е несреден текст напишан пред 6 години. Се зборува за Светлина, како LVX, за кабала, за Луцифер …

Прочитајте…

„Инаку за ова Светлината, според кабалата како што велиш ти… исто така учи и дека постојат 3 вида на светлина:
Ain, Ain Sof и Ain Sof Aur преку кои се создаваат 10 000 светови од Ништото, или Ain на еврејски, кои ако се извртат буквите може да биде и ANI што значи и Его.“  

      *      *      *

 Исто така се учи и дека таа светлина како што оди надолу(според таа некоја си кабала), станува се понесовршена, посебно кога ќе помине низ Интелектуалниот Свет на Човекот, Ruach, или пак Формативниот Свет на Анѓели (види Sepher Yetzirah).

Така да, мислам дека, ако тој Носител на L.V.X., Lucifer или како и да му е вистинското име (според христијанските мистици, исламски, или еврејски или пак западната езотерија се разгледува ова?? ), се согледува нешто како Интелект, или како интелектуално спознавање на таа Светлина, или како орудие или пак можеби интелектуален процес, според кабалата ќе биде несовршен, бидејќи кажавме таа Светлина е веќе импрегнирана со Човечката Логика, Разум, Интелект. А таа Светлина не е Тоа…
Како што велат хиндусите, не тоа не тоа…

За преминување на Бездната знаеме што треба (или барем мислиме дека знаеме, се додека не с е помине), а тоа сигурно не е Човечки интелект.
Исто така, ако веруваме на еврејските мистици кои го сковале Петокнижието дека херувими стојат над бездната со Огнен Меч, за да не пуштат ништо човечко, Носачот на L.V.X. сигурно не би имал нешто Човечко, или пак човекот би требало да нема ништо Човечко.

Или пак Носачот на L.V.X. е нешто што е посовршено од Човекот, и е ете како што велиш ти, Сад, но кој го носи Човекот над Бездната, нешто слично како што египетските богови ги има по фрески во египетските пирамиди како пловат во Бродот-Милион-Години кога патуваат надвор од постоењето под безндата (луѓето).

А може ова да асоцира и на арапска алхемија… апсурдно Луцифер и арапска алхемија, но многу западни отци во минатото знаеле и се занимавале со јога, медитација, алхемија, арапска филозофија…

Ова е само мое видување, што не велам дека е точно.

* И ова според кабалата, различни мистични струи различно ги толкуваат нештата, некои поточно некои малку погрешно…

И нормално, да не заборавиме да го додадиме и מלכות (Малкут, Кралство) (бидејќи христијанските мистици очајно се обидуваат да го заборават женскиот принцип и да го истакнат значењето на Синот, како единствена формула, дури и יְסוֺד (Јесод, Темел) го касапат кој е сепак нашата несвесна страна) бидејќи исто така велат дека Малкут е во כֶּתֶר (Кетер, Круна) како што Кетер е во Малкут, а Малкут е Ќерката или последното ה Хе од Тетраграматонот, или принципот на Стапот, по кој доаѓа светлината и чија цел е преку Синот ו да дојде до Мајката (првото Хе, ה ) и да ја премине бездната. И тука доаѓаме пак до L.V.X. на Крстот, како што велат…

И Синот е во חכמה (Хокма, Мудрост) над бездната, не е во תפארת (Тифарет, Убавина). Тоа е одраз од Бездната како огледало… и не може да се објасни повеќе…

И кажавме Тифарет е заглавен во формативниот свет, во светот на човековата интелегенција и нешто многу битно, преку синот(Тифарет) се оди во прегратките на Мајката, а не кон таткото… Ако следиме некој природен пат…

И Таткото е Кетер, да, и до него навистина се стигнува преку Синот, но преку Синот, кој стигнал во Хокмах со Носителот на L.V.X. откако се човечко е оставено на Крстот.. Ако сметаме дека претходниот мој пост е точен за L.V.X. и за Луцифер …
Кетер не е тоа што е…

Тифарет е полу-совршен и лажен(темпларите беа обвинети за ова тврдење дека е ерес и беа запалени) и е само дел од патот… иако многу аџии го мислат за совршен(како христијанските на пример мистици).

И ете ти го Средниот Столб целосен, чиј збир е 358 што е исто со Месија но и со Змија, која христијанските мистици МОРАА да и ја столчат главата бидејќи води кон Кетер дирекно преку Мајката(која е жена) оставајќи го Синот меѓу луѓето.

Но тоа се како што велат Малите мистерии…

Исус е Формула како што кажав и порано… Или како што некои на форумов што рекоа, Исус дојде за да се изврши законот на Мојсеј, Законот на Тетраграматонот…

П.С. Како е Горе така е и долу е за Кетер-Малкут Релацијата а не Тифарет! Сепак Хермес знаел нешто повеќе од нас.